Доживотна спортска пензија за Наковска Бикова

Оливера Наковска Бикова.

Агенцијата за млади и спорт и додели доживотна спортска пензија на Оливера Наковска Бикова за освојувањето на златниот медал на Параолимписките игри во Лондон со што стана и носител на Национално спортско признание.
Вашиот успех, несомнено ќе претставува инспирација за сите млади и идни спортисти, се вели во писмото од директорот на АМС Лазар Поповски до Наковска Бикова .
Се очекува наскоро и Владата да и додели еднократна награда.