Македонската стрелачка Оливера Наковска Бикова попладнево се бори за еден од медалите на Параолимписките Игри во Лондон во стрелање со воздушен пиштол, јави дописникот на МИА од Лондон.
Таа во квалификациите што се оддржаа денеска на пладне постави нов светски и параолимписки рекорд, постигнувајќи 381 кругови. Во финалните борби нашата стрелачка влегува како првопласирана во квалификациите, пред русинката Марина Клименченко и претставничката на Иран Сарех Јаванмардидодмани.