Помошта се однесува на проактивни пристапи во фазата на истрага и ефективно кривично гонење, лоцирање на одговорноста на сторителите и нивно казнување, како и унапредување на јавната безбедност и доброто владеење.
САД ќе и помагаат на Македонија во развојот на капацитетот на институциите во борба против организираниот криминал и корупција. За таа цел министрите за правда и за внатрешни работи, Блерим Беџети и Гордана Јанкулоска денеска со амбасадорот на САД, Пол Волерс потпишаа Писмо за согласност за спроведувањето на законите меѓу македонската и американската влада. За спроведување на проектот во наредните две години ќе бидат издвоени 2,4 милиони долари. Помошта се однесува на проактивни пристапи во фазата на истрага и ефективно кривично гонење, лоцирање на одговорноста на сторителите и нивно казнување, како и унапредување на јавната безбедност и доброто владеење.
Волерс рече дека партнерството меѓу двете земји уште повеќе е зајакното со потпишувањето на писмото со кое ќе почне една нова фаза на поддршка во областа на владеењето на правото и кривичното право.
„Активната улога на Македонија во утврдувањето на иницијативите во овој договор ја демонстрира цврстата посветеност за воспоставување на кривично-правен систем способен да ги обесхрабри и открие криминалот и корупцијата на начин кој е конзистентен со авро-атлантските стандарди. Ние бевме и ќе продолжиме да бидеме партнери во овој круцијален проект“, рече Волерс.
Министерката Јанкулоска напомена дека натамошното модернизирање на органите за спроведување на законите и зајакнувањето на професионализмот на полициските служби претставува нивна примарна цел.
„Повеќе од сигурна сум дека во наредниот период, стручната и техничка помош, низата обуки за развој на вештини за Центарот на сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ќе бидат искористени и имплементирани на најдобар можен начин. При тоа особено е важно што овој документ има за цел да овозможи дополнителна поддршка во поквалитетно и поефективно заживување на новиот закон за кривична постапка како еден од клучните инструменти во борбата против организираниот криминал и корупцијата“, рече Јанкулоска.
Секоја соработка е позитивна и добредојдена, особено со земји каде е развиена демократијата, вели Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.
„Конкретно кога зборуваме за соработката со САД, бенефитот може да се согледа од аспект на можностите што тие може да ни ги пружат во смисла на специјализација и обука на нашите кадри, на нашиот персонал во рамките на сузбивањето на криминалот, и тоа не само внатрешниот, туку и меѓународниот, и од друга страна што тие навистина можат да ни пружат и конкретна помош во следењето и сузбивањето на криминалот во Република Македонија.“
Марковски очекува договорот многу да придонесе во напредокот на Македонија во овој аспект од општественото живеење.
„Бидејќи ние сме доста критикувани од сојузниците и од странскиот фактор дека немаме доволно развиено ни систем ни кадар за ваквата борба и очекувам дека многу брзо ќе произлезат и позитивни резултати од ваквата соработка“, вели Марковски.
Проектот предвидува и обуки, донација на опрема, техничка поддршка и стручна експериза на надлежните институции во земјата.
Активната улога на Македонија во утврдувањето на иницијативите во овој договор ја демонстрира цврстата посветеност за воспоставување на кривично-правен систем способен да ги обесхрабри и открие криминалот и корупцијата на начин кој е конзистентен со авро-атлантските стандарди. Ние бевме и ќе продолжиме да бидеме партнери во овој круцијален проект.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.
Волерс рече дека партнерството меѓу двете земји уште повеќе е зајакното со потпишувањето на писмото со кое ќе почне една нова фаза на поддршка во областа на владеењето на правото и кривичното право.
„Активната улога на Македонија во утврдувањето на иницијативите во овој договор ја демонстрира цврстата посветеност за воспоставување на кривично-правен систем способен да ги обесхрабри и открие криминалот и корупцијата на начин кој е конзистентен со авро-атлантските стандарди. Ние бевме и ќе продолжиме да бидеме партнери во овој круцијален проект“, рече Волерс.
Министерката Јанкулоска напомена дека натамошното модернизирање на органите за спроведување на законите и зајакнувањето на професионализмот на полициските служби претставува нивна примарна цел.
Конкретно кога зборуваме за соработката со САД, бенефитот може да се согледа од аспект на можностите што тие може да ни ги пружат во смисла на специјализација и обука на нашите кадри, на нашиот персонал во рамките на сузбивањето на криминалот, и тоа не само внатрешниот, туку и меѓународниот, и од друга страна што тие навистина можат да ни пружат и конкретна помош во следењето и сузбивањето на криминалот во Република Македонија.Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност.