Кандидатот за потпретседател на Републиканската партија Пол Рајан вети пресврт за Соединетите Држави. Рајан е автор на новиот американски нацрт буџет со кој се предвидуваат големи кратења на социјалните програми.
Во говорот на националната конвенција на Републиканската партија во Тампа, Флорида, кандидатот за потпретседател Пол Рајан, инаку конгресмен од Висконсин, изјави дека тој и републиканскиот кандидат за Белата куќа Мит Ромни не бегаат од тешки проблеми и одлуки.
„По четири години вртење во круг, на Америка и треба пресврт, а човекот за таа работа е Мит Ромни“, изјави 42-годишниот Пол Рајан на Конвенцијата на која претходно сопругата на Ромни и други претставници на Републиканската партија го обвинија претседателот Барак Обама дека не го одржал своето ветување да ја поврати економската виталност и да ја намали невработеноста во Соединетите Држави.
„По четири години во кои владата се обидува да го раздели богатството, ние ќе направиме Америка повторно да создава богатство. Со даночна правичност и реформи во регулативата ќе ја вратиме владата на страната на оние што создаваат работни места.“
Републиканскиот претседателски кандидат, инаку поранешен гувернер на Масачусец, Мит Ромни кој на ноемвриските избори ќе го предизвика Барак Обама од Демократската партија е планирано денеска да има свое обраќање на конвенцијата кога и треба да ја прифати партиската кандидатура.
Повеќето аналитичари сметаат дека 64-годишниот аристократски Мит Ромни тешко ќе може да ја следи младешката енергија на Пол Рајан.
За разликата меѓу нив двајцата на Конвенцијата се пошегува и самиот Рајан.
„На неговиот ајпод слушнав песни кои досега ги имав слушнато само во хотелските лифтови“, изјави Рајан кој пред да биде избран од Ромни за негов кандидат за потпретседател не беше многу познат надвор од Вашингтон.
Анкетите покажуваат дека Американците се длабоко поделени во врска со ваквиот избор на Ромни.
На конвенцијата говореше и поранешниот државен секретар Кондолиза Рајс која изјави дека Ромни и Рајан ќе дадат одговор на прашањето за тоа каде и е местото на Америка.
„Не можеме да бидеме колебливи во лидерството и не можеме да водиме од позади“, изјави Рајс која ја критикуваше надворешната политика на претседателот Обама.
Аналитичарите потсетуваат дека ниту Ромни, ниту Рајан немаат големо меѓународно искуство.
Во меѓувреме, Обама изјави дека не бил многу импресиониран од републиканската конвенција.
„Можевте да слушате многу внимателно и воопшто да не ги чуете како нудат јасен сериозен пат за напредок“, изјави Обама на кампањата во Вирџинија.
Неодамнешните анкети покажуваат дека Обама и Ромни ќе водат изедначена трка.
Демократите својата конвенција ќе ја одржат во идната недела во Шарлот, Северна Каролина.
По четири години во кои владата се обидува да го раздели богатството, ние ќе направиме Америка повторно да создава богатство. Со даночна правичност и реформи во регулативата ќе ја вратиме владата на страната на оние што создаваат работни места.Пол Рајан, кандидат за потпретседател на САД.
„По четири години вртење во круг, на Америка и треба пресврт, а човекот за таа работа е Мит Ромни“, изјави 42-годишниот Пол Рајан на Конвенцијата на која претходно сопругата на Ромни и други претставници на Републиканската партија го обвинија претседателот Барак Обама дека не го одржал своето ветување да ја поврати економската виталност и да ја намали невработеноста во Соединетите Држави.
„По четири години во кои владата се обидува да го раздели богатството, ние ќе направиме Америка повторно да создава богатство. Со даночна правичност и реформи во регулативата ќе ја вратиме владата на страната на оние што создаваат работни места.“
Можевте да слушате многу внимателно и воопшто да не ги чуете како нудат јасен сериозен пат за напредок.Барак Обама, претседател на САД.