ОН формирале специјален тим за Иран

Агенцијата за нуклеарна енергија на ОН формирала специјален тим кој треба да ги истражи наодите дека Техеран тајно работи на производство на нуклеарно оружје. Тимот составен од експерти за нуклеарно оружје, аналитичари од разузнавачки служби и други специјалисти започнал со работа на 10 август. Тимот треба да се концентрира на спроведување на договорот меѓу меѓународното тело и Иран за следење на нулеарните активности. Од меѓународната агенција изразуваат се' поголема загриженост за иранската нуклеарна програма, односно се сомневаат дека таа може да има двојна димензија. Техеран, пак, вели дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели.