Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе отпатува за Иран за да учествува на самитот на Движењето на неврзаните земји што почнува на 26 овој месец. Ова го објави јужнокорејската агенција Јохап, повикувајќи се на извори во иранската влада кои прецизирале дека Ким го избрал Иран за својата прва посета во странство откако ја презеде власта по смртта на неговиот татко. Повеќе од 40 шефови на држави и влади ќе учествуваат на самитот на Движењето кое го сочинуваат 120 држави членки и 17 со статус на посматрачи. Ова движење беше формирано во септември 1961 година во Белград како одговор на блоковската поделба на светот за време на Студената војна.