Лидерот на ДУИ, Али Ахмети прашан за односите во коалицијата изјавил дека е потребно преиспитување на договорот за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
“Таа ситуација не е разработена, ние имаме договор за коалиција за 4 годишно владеење и сметам дека е принципиелно да се почитува коалицискиот договор. Сметам дека треба да се разгледа и консултира договорот“, рекол Ахмети по
средбата со заменик помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер.
Според партиското соопштение соговорниците разговорaле претежно за политичките состојби во земјава и регионот со посебен акцент врз евроатлантските интегративни процеси на Македонија и регионот.
Претходно висок партиски претставник од ДУИ изјавил дека ќе ја напуштaт владината колиција со ВМРО-ДПМНЕ ако во Собранието биде изгласан предложениот закон за бранителите без во него да бидат вклучени и припадниците на ОНА и нивните семејства.