Струшкиот дел на Охридското езеро го крие подводниот локалитет Врбник .Според археолозите тој може да биде нова туристичка атракција, потребна е само добра промоција и презентација пред домашната и меѓународната јавност.
Подводниот локалитет Врбник кој се наоѓа во струшкиот дел на Охридското езеро може да биде нова туристичка атракција во Македонија. Потребна е само добра презентација пред пошироката јавност. Врбник за прв пат е забележан во 80-те години на минатиот век од страна на локални жители кои забележале вкопани дрвени колци во езерото кои се протегале на поголема површина, вели археологот и нуркач Валентина Тодоровска.
„Имаме информации дека наоѓалиштето би датитрало од 6 до 5 век пред наша ера, со што влегуваме во праисторијата и го зафаќа железниот период на територијата на Македонија. Тој е со големи димензии, но се наоѓа на мала длабочина, на 3 до 5 метри од површината на езерото. Колците се видливи на самото дно исто како и самата ќерамика. Извршена е ненамерна девастација на самиот локалитет бидејки се наоѓа покрај трска“, вели Тодоровска.
Тодоровска на Врбник му предвидува добра иднина, само вели е потребна силна промоција во земјава и странство.
„Најголемата заштита би била со истражувања и со влечење на повеќе податоци. На само 15 километри од овде го имаме Мичов град како реконструкција. Јас мислам дека е апсурд да имаме уште една наколна населба. Истата треба да е на копно, преку макета, публикација, презентација на самиот материјал, а од друга страна достапноста на теренот е одлична“, вели Тодоровска
Директорот на струшкиот музеј Сашо Цветковски вели дека истражувањата на Врбник ќе продолжат и понатаму.
„Она се што работевме навистина беа површински наоди, кои се навистина едно големо богатство, бидејќи се работи за хронологија која се утврдува од деветти век, па се до турски период.Тоа е едно наколно наоѓалиште. Хронологија подолга од еден милениум. Тоа е многу интересно и ние во континуитет би продолжиле повеќе години да работиме таму бидејќи треба систематски да се истражува бидејќи методологијата и техниката таму е малку посложена“, вели Цветковски.
Врбник кај старите стружани е познат како Дримени. Овде се пронајдени и предмети изработени од бронза и железо, но и накит. Дел е од листата на светски подводни локалитети од огромно значење поради својата големина и богатство со археолошки материјал. Испитувањата на локалитетот Врбник за првпат започнале во 1998 година и без прекин се одвивале до 2003 година, а ова лето истите повторно продолжија. Локалитетот Врбник се наоѓа на устието на реката Црни Дрим во Струга.
Имаме информации дека наоѓалиштето би датитрало од 6 до 5 век пред наша ера, со што влегуваме во праисторијата и го зафаќа железниот период на територијата на Македонија.Тој е со големи димензии но се наоѓа на мала длабочина, на 3 до 5 метри од површината на езерот.Валентина Тодоровска, археологот и нуркач.