Македoнија е во рецесија и првите два квартали се со негативен раст на БДП. Има намалување на извозот, невработеност, сиромаштија, ниски плати. Нема ништо дополнително што може да ја загрози и да ја внесе во ризична зона. Сега на ред е штедење, порачуваат експертите.
Случувањата на економски план во Европа нема да ја одминат и земјава, која веќе е во криза велат експертите. Се погласни се предупредувањата за распад на еврозоната, а одминува времето за спас на еврото. Ништо подобра не е состојбата и во соседството, Грција одамна е во криза, а со економски потешкотии и намален раст се соочува и Србија.
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека економската состојба во другите земји влијае и врз домашната економија и тоа не може да се избегне, но клучното прашање е колкави ќе бидат ризиците со кои ќе се соочиме.
„Македoнија е веќе во рецесија и првите два квартали се со негативен раст на БДП. Има намалување на извозот. Македонската економија се бави со проблеми на висока невработеност, сиромаштија, ниски доходи, ниски плати. Значи нема ништо дополнително што може да ја загрози и да ја внесе во ризична зона. Таа сама по себе треба да се третира дека е во ризик.“
И поранешниот гувернер на Народна банка Љубе Трпески вели дека посредни ефекти секако дека има, бидејќи земјава зависи од економиите на другите земји.
„Со оглед на тоа колку сме мала економија и сме таканаречен „pricetaker“, односно зависиме од ситуацијата во опкружувањето. Некои поголеми мерки не можат да се преземат, освен да се сообразиме со ситуацијата и да се свртиме повеќе кон штедење.“
Поповски додава дека движењата во еврозоната и соседството можат само да го влошуваат и онака лошиот резултат на домашната економија, доколку немаме сопствени одбранбени механизми. Според него, Владата мора да го компензира она што го губиме на надворешен план, а притоа да се бори и со проблемите во земјата.
„Значи владата сега се наоѓа во многу тешка ситуација за која сега не гледаме некакво решение за излез. Треба да носи мерки за компензација на надворешните ризици и да ги совладува домашните постојни проблеми кои воопшто не се зависни од надворешното опкружување.“
Од Владата пред некое време соопштија дека работат на изнаоѓање решенија и адекватни политики и мерки за последиците од кризата да бидат што поблаги.
Македoнија е веќе во рецесија и првите два квартали се со негативен раст на БДП. Значи нема ништо дополнително што може да ја загрози и да ја внесе во ризична зона. Таа сама по себе треба да се третира дека е во ризик.Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека економската состојба во другите земји влијае и врз домашната економија и тоа не може да се избегне, но клучното прашање е колкави ќе бидат ризиците со кои ќе се соочиме.
„Македoнија е веќе во рецесија и првите два квартали се со негативен раст на БДП. Има намалување на извозот. Македонската економија се бави со проблеми на висока невработеност, сиромаштија, ниски доходи, ниски плати. Значи нема ништо дополнително што може да ја загрози и да ја внесе во ризична зона. Таа сама по себе треба да се третира дека е во ризик.“
И поранешниот гувернер на Народна банка Љубе Трпески вели дека посредни ефекти секако дека има, бидејќи земјава зависи од економиите на другите земји.
Со оглед на тоа колку сме мала економија и сме таканаречен „pricetaker“, односно зависиме од ситуацијата во опкружувањето. Некои поголеми мерки не можат да се преземат, освен да се сообразиме со ситуацијата и да се свртиме повеќе кон штедење.Љубе Трпески, поранешен гувернер на Народна банка.