Московскиот суд денеска ќе ја соопшти пресудата за трите членки на панк групата „Pussy Riot“. Девојките се обвинети за хулиганство мотивирано од верска омраза за чинот што го извеле во Црквата, а кој тие го нарекуваат „панкерска молитва“. Обвинетите негираат дека главна цел на изведбата било да ги навредат верниците. Тие тврдат дека протестот што го оддржале на 21 февруари бил против одлуката на Владимир Путин да се врати во Кремељ како претседател по трет пат. Случајот предизвика меѓународна осуда а панкерките добија поддршка од Мадона и од поранешниот член на Битлси Пол Макартни.