Судијката којa го води судењето против руските панкерки е ставенa под заштита на државата откако добила закани. Судијката Марина Сурова утре треба да ја сооопшти пресудата за членките на руската пак група „Pussy Riot“. На панкерките им се суди за хулиганство затоа што одржале перформанс во катедрала во центарот на Москва. Обвинителството бара по три години затвор за трите членки на групата. Адвокатите на одбраната побараа од судот да ги ослободи.