Министерот за одбрана Фатмир Бесими запрашан за тоа дали за настанот кај Слупчане се координарал со Претседателот и врховен командант на вооружените сили и со премиерот, одговори повикувајќи се на Уставот.
„Институцијата Претседател на Република Македонија го дава своето „за“ со самиот потпис на Охридскиот договор, што е составен дел од Уставот на Република Македонија“, одговори тој.
Градењето доверба се базира на меѓусебното почитување. Искрено жалам што не е целосно разбрано ова залагање за помирување кое е во духот на Охридскиот договор, кој пак е составен дел на Уставот, а тоа е исклучително важно за иднината и просперитетот на Република Македонија, изјави министерот за одбрана.
И на прашањето дали ќе си поднесе оставка, по серијата оградувања од настанот, Бесими пак се повика на Рамковниот договор и Уставот, велејќи дека не треба да има никаков страв од каков било аспект затоа што најсигурен гарант за иднината на Република Македонија е граѓаните да се почитуваат меѓу себе.