По едномесечен застој, вработените во претпријатието Ремонт на пруги го активираа протестот пред Владата, оти во изминатиот период не се променило ништо, а на нивните повици за средба со премиерот Груевски и вицепремиерот Пешевски не им било одговорено.
Вработените во претпријатието Ремонт на пруги ќе ги продолжат протестите ако на утрешната седница на Влада не биде ставено на дневен ред прашањето со состојбата на претпријатието и судбината на 90 работници. По едномесечен застој, вработените во претпријатието Ремонт на пруги го активираа протестот пред Владата, оти во изминатиот период не се променило ништо, а на нивните повици за средба со премиерот Груевски и вицепремиерот Пешевски не им било одговорено.
„Барањата ни се, прво раскинување на договорот со Интеграл - Бања Лука, второ да ни се исплатат 18 плати, оние што ни ги должат, дури даваме до знаење дека пари имаме во инфрастуктурата, во Македонски железници, ние сме ги изработиле тие пари и бараме да си ги земеме“, изјави Борче Ѓошевски од Синдикатот на Ремонт.
Ѓошевски раскажува дека во претпријатието не се појавува никој од раководството. Нивните обиди да стапат во контакт со сопственикот биле безуспешни. Поради нарушена здравствена состојба, повеќето од вработените не доаѓаат на работа, вели тој.
„Ништо немаме, па изгубивме четириесетгодишни луѓе, супер работници, кој доби инфаркт, кој отиде на нервно, многу тешко... Во моментот нема потешка ситуација од онаа во која се наоѓа нашето претпријатие“, вели Ѓошевски.
Вработените во Ремонт бараат итно раскинување на договорот со фирмата Интеграл и да се активира банкарската гаранција поради неисполнување на обврските од договорот. Желба им е повторно да бидат вратени во Македонски железници.
„Скоро две години немаме сини картончиња, па сега во ова време, во оваа демократија, да немаме сини картончиња, да немаме право на лекар да отидеме, да немаме право да живееме, 18 плати... Јас мислев дека Владата ќе ни излезе во пресрет зашто овие луѓе не направиле ништо за да бидат во ваква ситуација.“
„Ни мртви, ни живи сме. Бараме слух од Владата, да не прими да го раскине договорот со Интеграл, да не врати во Железници. Бараме работа, а со работа ќе добиеме и пари“, велат некои од вработените во Ремонт.
Од Владата не ја исклучуваат можноста ова прашање да се стави на дневен ред на владината седница, иако претходно министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека Ремонт на пруги е целосно приватно претпријатие во кое државата нема никаков капитал.
Барањата ни се, прво раскинување на договорот со Интеграл - Бања Лука, второ да ни се исплатат 18 плати, оние што ни ги должат, дури даваме до знаење дека пари имаме во инфрастуктурата, во Македонски железници, ние сме ги изработиле тие пари и бараме да си ги земеме.Борче Ѓошевски, Синдикат на Ремонт на пруги.
„Барањата ни се, прво раскинување на договорот со Интеграл - Бања Лука, второ да ни се исплатат 18 плати, оние што ни ги должат, дури даваме до знаење дека пари имаме во инфрастуктурата, во Македонски железници, ние сме ги изработиле тие пари и бараме да си ги земеме“, изјави Борче Ѓошевски од Синдикатот на Ремонт.
Ѓошевски раскажува дека во претпријатието не се појавува никој од раководството. Нивните обиди да стапат во контакт со сопственикот биле безуспешни. Поради нарушена здравствена состојба, повеќето од вработените не доаѓаат на работа, вели тој.
„Ништо немаме, па изгубивме четириесетгодишни луѓе, супер работници, кој доби инфаркт, кој отиде на нервно, многу тешко... Во моментот нема потешка ситуација од онаа во која се наоѓа нашето претпријатие“, вели Ѓошевски.
Скоро две години немаме сини картончиња, па сега во ова време, во оваа демократија, да немаме сини картончиња, да немаме право на лекар да отидеме, да немаме право да живееме, 18 плати... Јас мислев дека Владата ќе ни излезе во пресрет зашто овие луѓе не направиле ништо за да бидат во ваква ситуација.вработен во Ремонт на пруги.