Светски рекорд и одбрана на титулите

Летните Олимписки игри во Лондон уште еднаш на најдобар начин го потврдија познатиот олимпсики слоган: побрзо, посилно, подалеку.
Кенијскиот атлетичар Дејвид Рудиша го собори светскиот рекорд што го имаше поставено на трката на 800 метри и го освои златниот медал. Тој стигна на целта за една минута, 40 секунди и 91 стотинка.

Атлетската ѕвезда Усеин Болт од Јамајка пак, влезе во историјата откако победи во трката на 200 метри со резултат 19 секунди и 32 стотинки. Имено, тој стана првиот спринтер кој ги одбрани олимписките титули во двете најбрзи атлетски дисциплини од Олимпијадата во Пекинг. Претходно во Лондон тој победи во трката на 100 метри. Болт и во двете дисциплини е светски рекордер.


Карл Луис во 1984 година во Лос Анџелес освои златни медали на 100 и 200 метри, како и во скок во далечина и во штафетата 4 пати по 100 метри. Но, на Олимпијадата во Сеул тој успеа да ја повтори победата на 100 метри, по дисквалификацијата на Бен Џонсон, како и во скок во далечина. На трката од 200 метри беше втор.

Златото од претходните игри во Пекинг го одбрани и Барбора Шпотакова од Чешка која копјето го фрли подалеку од нејзините ривалки, 69 метри и 55 сантиметри.

Но, она што изгледаше како неостварливо го постигна женската фудбалска репрезентација на Соединетите држави. Таа три пати едно по друго го освојува првото место на Олимпските игри.

Пред повеќе од 80 илјади гледачи на стадионот Вембли во Лондон, што е рекорд за еден меч во женски фудбал, американките ја победија репрезентацијата на Јапонија со 2 спрема 1.