Сточарите се жалат дека државата не го помага одгледувањето биволи. Од нивното млеко се прави познатото сирење моцарела.
Четириесет и тригодишниот Демир Синаноски од прилепското село Дебреште има петчлено семејство. За да ја обезбедува егзистенцијата за своите, тој сега е принуден да се занимава само со тутунопроизводство, откако изумрело стадото биволи кои ги одгледуваа со години. Вели државата да му помогнела, досега стадото ќе бидело размножено, ќе го зголемеле буџетот и ќе си обезбеделе подобар живот, но и развој на сточарството.
„Да имавме помош од државата ќе го одгледавме, ќе се ориентиравме на тоа, бидејќи ние четири-пет години одевме на тоа да, за понатаму нешто да отвориме, да работиме, ама државата, не излезе во пресрет и затоа пропаднавме и немавме никакви можности да ги одгледуваме. Претежно речено државата во пресрет не ни излезе, што правиме еве сега со тутун се бавиме“, вели Синаноски.
Тој додава дека бил принуден да го продаде последното грло, откако угинале останатите 4 од семејството биволи. Од друга страна, иако млекото е со екстремно висока масленост и од него се произведува мошне бараното и скапо сирење „моцарела“, сепак немал никаков пласман во државата. Безуспешни останале напорите да го предава млекото во млекарница во западна Македонија. Вели дека во државата едноставно нема ниту капацитети за откуп и обработка за овој вид на млечни производи.
Ова го потврдува и Себатин Алиоски, соселанец на Синаноски.
„Биволите сакаат повеќе вода, да ги шеташ по базени, со кал да се мачка и скапо зобта, сено, јонџа сакаат детелина, луцерка специјално за нив. Млекото им е квалитетно, сирењето, маста ја бараат луѓето за некои лекарства, уши од кал бараат. Млекото не го продаваме, претежно е за нас, и за некој што слушнал нешто од биволиве, за бронхит лекува, маст земаат за мигрена.“
Алиоски истакнува дека доколку државата и нему не му помогне, ќе го продаде и тој ова стадо биволи, зашто вели едноставно е прескапо одгледувањето на овие животни.
„Еве одбиени сме годинава за субвенции, како што треба за сите други останати грла како кравите и сега едно фазла било пријавено како кравите и одбиени сме за субвенции. Ќе го продадеме и ова, што ќе им правиме, ова обврска е, само ги чуваме оти се стелни и оти татко има така ќеф, да е до нас младите ќе ги продадеме“, вели Алиоски.
Според зборовите на овие луѓе, стадото биволи во Дебреште е едно од двете последни во Македонија. Другото стадо се наоѓало во Кумановско. Но, државата ниту на овие, ниту на другите сопственици на стадата биволи не им помогнала за да може овој раритетен добиток, чиј што производи имаат голема лековита моќ, да ја продолжат својата егзистенција на овие простори.
Да имавме помош од државата ќе го одгледавме, ќе се ориентиравме на тоа, бидејќи ние четири-пет години одевме на тоа да, за понатаму нешто да отвориме, да работиме, ама државата, не излезе во пресрет и затоа пропаднавме и немавме никакви можности да ги одгледуваме. Претежно речено државата во пресрет не ни излезе, што правиме еве сега со тутун се бавиме.Демир Синаноски, земјоделец.
„Да имавме помош од државата ќе го одгледавме, ќе се ориентиравме на тоа, бидејќи ние четири-пет години одевме на тоа да, за понатаму нешто да отвориме, да работиме, ама државата, не излезе во пресрет и затоа пропаднавме и немавме никакви можности да ги одгледуваме. Претежно речено државата во пресрет не ни излезе, што правиме еве сега со тутун се бавиме“, вели Синаноски.
Тој додава дека бил принуден да го продаде последното грло, откако угинале останатите 4 од семејството биволи. Од друга страна, иако млекото е со екстремно висока масленост и од него се произведува мошне бараното и скапо сирење „моцарела“, сепак немал никаков пласман во државата. Безуспешни останале напорите да го предава млекото во млекарница во западна Македонија. Вели дека во државата едноставно нема ниту капацитети за откуп и обработка за овој вид на млечни производи.
Биволите сакаат повеќе вода, да ги шеташ по базени, со кал да се мачка и скапо зобта, сено, јонџа сакаат детелина, луцерка специјално за нив. Млекото им е квалитетно, сирењето, маста ја бараат луѓето за некои лекарства, уши од кал бараат. Млекото не го продаваме, претежно е за нас, и за некој што слушнал нешто од биволиве, за бронхит лекува, маст земаат за мигрена.Себатин Алиоски, сточар.