Грција и ова лето е најбараната дестинација, велат туристичките работници. За македонските граѓани кога е во прашање летниот одмор не е важна политиката, ниту спорот со името или патриотизмот. Се се заборава за сметка на евтин одмор на море.
Повеќе заради близината ја одбираат Грција, а со оглед на тоа дека ни е дојдено преку глава од се, па ни патриотизмот не го зимаме во предвид. Така што јас сметам дека единствената причина е тоа. Близината и пониските цени.Анкетиран граѓанин.
Тоа го потврдува и анкетата на нашата веб страна слободнаевропа.мк, каде најголем број од граѓаните околу 42 насто одговориле дека ќе одат на одмор во Грција, па потоа во Охрид, а најмала заинтересираност покажале за другите соседи.
Граѓаните велат дека ниските цени и близината си го прават своето, па затоа се оставаат на страна сите несогласувања кои ги имаме со јужниот сосед.
„Повеќе заради близината ја одбираат Грција, а со оглед на тоа дека ни е дојдено преку глава од се, па ни патриотизмот не го земаме во предвид. Така што јас сметам дека единствената причина е тоа. Близината и пониските цени.“
„Мислам дека поради тоа што е евтино граѓаните се решаваат за Грција.“
„Апсолутно тоа како дилема постои кај мене. Дали да се оди во Грција, меѓутоа преовладува мајчинството и практичноста и рационалноста во однос на детето. Кога би имала некоја друга опција поблиску, Грција сигурно би излегла од план.“
Бидејќи можеше да се продаде само цената за Грција. Да ја имавме таа цена и за Танзанија, луѓето ќе одеа и таму. Значи се смали буџетот во предсезоната за 50 евра да се оди на годишен одмор, во сезона за 100 евра по лице.Ангел Иванов, Туристичка агенција.
„Во ситуацијата на продажба на годишните одмори никој не доаѓа со беџ од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ или друга партија. Од никого не бараме беџ, од секого бараме пари.“
Иванов додава дека туристичките агенции аранжаните за Грција ги прилагодиле за македонскиот џеб.
„Бидејќи можеше да се продаде само цената за Грција. Да ја имавме таа цена и за Танзанија, луѓето ќе одеа и таму. Значи се смали буџетот во предсезоната за 50 евра да се оди на годишен одмор, во сезона за 100 евра по лице. Едно семејство повеќе од 100 евра по легло ниту планира, нити може да даде.“
Туристичките работници велат дека не се задоволни од овогодинешната сезона, бидејќи заинтересираноста за летување надвор од државата е преполовена во однос на минатите години.