Карпалак крие многу одговори

Положени цвеќиња на споменикот на загинатите бранители во 2001.

Карпалак, Вејце и други слични на нив останаа нерешени поради политичко напуштање на овие жешки теми.
И по 11 години од масакрот кај Карпалак, во кој во 2011 година животот го загубија десет прилепски резервисти јавноста се соочува со неодговорени прашања. Нивните преживеани колеги како и семејствата на загинатите се директни во оценката дека државата не даде одговори дали имало пропусти во следењето на конвојот и кои се виновниците за крвопролевањето.
Карпалак, Вејце и други слични на нив останаа нерешени поради политичко напуштање во вака жешки теми. Тоа од причини што ако дојде до разрешница на вакви случаи ќе бидат слични на оние што се вратија од Хаг и овие жешки теми завршија со нерешавање односно со амнестија.
Стефан Буџаковски, универзитетски професор.

Вистината во јавноста е проследена со многу шпекупации затоа што се немаше правовремни информации од самиот момент како дојде до настанот. И по војната не беше направена анализа на таквиот чин. Со враќањето на Хашките предмети во Македонија и потпишаниот договор меѓу партиите да нема судска разрешница преку договор за амнестија крајната разрешница за ова случување слично како и за Вејце, Љуботен, експертите ја сметаат како некоректна и од правен аспект.

Министерот за одбрана Гатмир Бесими и Шефот на Генералтабот на АРМ Горанчо Котевски положија цвеќиња на споменикот на загинатите бранители во 2001.


„Карпалак, Вејце и други слични на нив останаа нерешени поради политичко напуштање на вака жешки теми. Тоа од причини што ако дојде до разрешница на вакви случаи ќе бидат слични на оние што се вратија од Хаг и овие жешки теми завршија со нерешавање односно со амнестија“, вели професор Стефан Буџаковски.
Тие доаѓаат во Македонија, меѓутоа наидуваат на една релативно поволна атмосфера во која дел од политичките барања за промена на Уставот на Македонија на политичките репрезенти на етничките Албанци не беа прифаќани од 91 година. Тоа е подлошката на конфликтот. Значи имаше регионални елементи, меѓународни елементи и една бројка домашни Албанци кои беа подготвени и со оружје да се борат за промена на Уставот.
Стево Пенадровски, универзитетски професор.

Експертите преку анализа на случувањата во Македонија продолжуваат пак да прават обиди да се одговори на прашањето што се случи во 2001 да се потенцира значењето на потпишаниот Охридски договор за европската иднина на Македонија. Од вкупната анализа за можните причини за конфликтот се извлекуваат пост фестум процени. Јасна прецизна дефиниција досега никој не понудил и тоа според професор Стево Пенадровски има причина.

Конфликтот имаше внатрешни и надворешни причини. Накусо во Македонија постоеше одредена бројка на незадоволни Албанци од својот статус во државата, меѓутоа во првичните фази конфликтот беше воведен од Косово и јужна Србија. Во 2000 година единиците на српската армија и дел од меѓународните сили влегуваа во тогашната административна граница меѓу Србија и Косово и ги тераат од тој простор припадниците на тамошната екстремистичка групација ОВПМБ , вели Пендаровски.

„Тие доаѓаат во Македонија, меѓутоа наидуваат на една релативно поволна атмосфера во која дел од политичките барања за промена на Уставот на Македонија на политичките репрезенти на етничките Албанци не беа прифаќани од 91 година. Тоа е подлошката на конфликтот. Значи имаше регионални елементи, меѓународни елементи и една бројка домашни Албанци кои беа подготвени и со оружје да се борат за промена на Уставот.“

Додавајќи дека во делот на барањата на тогашната ОНА во тој период нивните први соопштенија се децидни дека станува збор за борба за територии, Пендаровски смета дека во подоцнежните сооопштенија под притисок на Меѓународнот фактор тие ги трансформираат своите барања во барања за промена на тогашниот Устав и тоа заврши со Рамковниот договор во Охрид.