Меѓународниот олимписки комитет преговора со Олимпискиот комитет на Саудиска Арабија и со Меѓународната џудо федерација за решавање на еден контроверзен случај. Станува збор за марама што може да ја спречи првата жена од Саудиска Арабија да настапи на Олимписките игри. Водџан Али Сераџ Абдулрахим Шахрхани е регистрирана за џудо натпреварите во категорија над 78 килограми. Но, нејзиниот татко деновиве изјави дека таа ќе може да се натпреваура само доколку ја носи традициналната муслиманска марама, хиџаб. Меѓународната џудо федерација тоа го одбива со образложение дека марамата, освен што е против правилата, би можела да биде и опасна. МОК неколку месеци лобираше за да добие согласност од Саудиска Арабија за учество на спортиските од таа земја на Олимпијадата. Во саудискиот олимписки тим има и една атлетичарка.