Напаѓачот од Колорадо и формално ќе биде обвинет

Џејмс Холмс.

Напапаѓачот од Колорадо денеска официјално треба да биде обвинет. Обвинителството треба да поднесе формални обвиненија за убиство на 12 луѓе и за ранување на 58. Напаѓаџот Џејмс Холмс беше уапсен набргу откако изврши напад во кино во Аурора за време на полноќната проекција на продолежнието на Бетмен. Освен за убиствата, тој се соочува и со обвинение за поседување на експлозивни направи пронајдени во неговиот дом.