Твитер-протест на американските олимпијци

Група американски олимпијци преку социјалната мрежа Твитер изразија протест против олимпиското правило кое им забранува да рекламираат фирми што не се официјални олимписки спонозори за време на Олимписките игри во Лондон. Тие бараат олабавување на забраната со пораката: „Горд сум што сум олимпиец, но бараме промена на правилото 40.

Ова правило од олимписката повелба ги штити 11-те меѓународни компании што платиле по околу 100 милиони долари за да може да се рекламираат за време на Олимпијадата. Тоа значи дека спортистите не добиваат пари за реклама од своите спонзори во момент кога се максимално видливи. Спортистите што ќе го прекршат ова правило ризикуваат да бидат суспендирани.