За половина година дефицитот во државниот буџет достигнал 131 милиони евра, што е две третини од предвидениот дефицит за годинава.
Продлабочувањето на минусот на државната сметка подразбира или зголемување на приходите во народната каса или драстично намалување на трошоците, сметаат познавачите, по информацијата од надлежните дека за само шест месеци дефицитот во државниот буџет достигнал 131 милиони евра. Вредноста претставува повеќе од половина од вкупната сума планирана за цела година со ребалансираниот буџет, каде лимитот е ставен на 197 милиони евра.
Универзитетскиот професор Христо Карталов вели дека зголемениот минус на државната смета претставува сериозна закана.
„Ако државата не најде посебни извори за урамнотежување или ќе мора да прави некаков ребаланс на буџетот или во најлоша можна состојба дури да оди на девалвација на валутата.“
Девалвацијата е најнеповолна и најнепопуларен потег, вели Карталов и дополнува:
„Но, вистинската работа е ако трговскиот биланс е урамнотежен, но кога не е така, можни се такви состојби.“
Минатиот месец бил регистриран минус на државната сметка од близу 43 милиони евра или два пати повеќе во споредба со јуни минатата година. Ваквите состојби може да предизвикаат дополнителен притисок врз стопанството, вели бизнисменот Ристо Гуштеров.
„Единствен излез е да се зголеми извозот и да се зголемат приливите во државната каса. Што е малку веројатно зашто ЕУ е веќе влезена во рецесија, а тоа ќе има голем одраз и во вкупната стопанска активност и во Македонија. Другиот начин е да се намалат расходите, односно да се корегира расходната страна.“
Во случај да нема нова вредност, се влегува во спирала на страшни турбуленции, вели Гуштеров
„Друг излез ќе биде да се задолжите на домашниот пазар, а домашниот пазар полека, полека се исцрпува, тоа го прави владата секој месец, а на надворешниот пазар не верувам дека Македонија го има рејтингот што ќе и дозволи да се задолжи по поповолни услови.“
Вреди да се спомене дека според податоците кои вчера ги објави Министерството за финансии, забележан е раст на приходите, но и на расходите во државната каса минатиот месец.

Ако државата не најде посебни извори за урамнотежување или ќе мора да прави некаков ребаланс на буџетот или во најлоша можна состојба дури да оди на девалвација на валутата.Христо Карталов, универзитетски професор.
„Ако државата не најде посебни извори за урамнотежување или ќе мора да прави некаков ребаланс на буџетот или во најлоша можна состојба дури да оди на девалвација на валутата.“
Девалвацијата е најнеповолна и најнепопуларен потег, вели Карталов и дополнува:
„Но, вистинската работа е ако трговскиот биланс е урамнотежен, но кога не е така, можни се такви состојби.“
Единствен излез е да се зголеми извозот и да се зголемат приливите во државната каса. Што е малку веројатно зашто ЕУ е веќе влезена во рецесија, а тоа ќе има голем одраз и во вкупната стопанска активност и во Македонија. Другиот начин е да се намалат расходите, односно да се корегира расходната страна.Ристо Гуштеров, бизнисмен.