Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун рече дека како млад учел за Македонија, а не за „Мацедониа“.
„Уште како млад студент во Кореја учев Македонија. Кога дојдов во САД и во Обединетите нации, повеќето од луѓето ми велеа Мацедониа и од тогаш велев Мацедониа. Оваа вечер претседателот Иванов ме потсети на нешто што одамна го имав научено – Македонија. Но, вие сега велите Мацедониа“, рече генералниот секретар на Обединетите нации во вилата „Билјана“ каде што имаше средба со претставници на Школата за млади лидери што под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов се одржува во Охрид.
Првиот човек на светската огранизација вечерва пристигна во Охрид. На аеродромот „Свети Апостол Павле“ го пречекаа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски и посредникот на ОН во спорот за името со Грција Метју Нимиц, кој исто така денеска допатува во Македонија.
Делегацијата и високиот гостин веднаш се упатија кон резиденцијалната вила „Билјана“ каде што беа пречекани од претседателот Иванов.
Утре наутро, шефот на ОН ќе одржи тет-а-тет средба со претседателот Иванов, по што е најавена заедничка прес-конференција.