Посетата на Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, на 24 и 25 јули, како што соопштува македонското МНР, е исклучителна можност за размена на мислења со првиот човек на светска организација за бројни актуелни прашања од агендата на ОН.
Фактот што во придружба на Бан Ки-Мун ќе допатува и неговиот специјален претставник за спорот со името Метју Нимиц, го гледаме како потврда на важноста што Генералниот секретар на ОН ја придава кон што побрзо разрешување на ова прашање и изнаоѓање начин за интензивирање на процесот, пишува во соопштението.
Од македонското Министерство за надворешни работи потенцираат дека на Генералниот секретар и на посредникот Нимиц ќе им биде повторен нашиот конструктивен приод и решителност за што побрзо изнаоѓање заеднички прифатливо решение во врска со спорот со името.