Црвенковски и Тачи, СДСМ и ДПА денеска ќе си подадат рака за предизборна соработка. Ова е за прв пат партии на ’генерално‘ Македонци и Албанци да соработуваат пред избори. За интеграцијата на Македонија и за меѓуетничките односи тоа во принцип е добро, велат аналитичари, но дилемата е дали овие две партии можат да успеат со оглед на различните политики.
Со отворени дилеми и без поголеми очекувања се домашните аналитичари за влијанието на новата предизборна соработка меѓу СДСМ и ДПА врз мултиетничкиот карактер на државата. За нив е логично ваков тип на соработка меѓу албанска и македонска партија да се случи меѓу идеолошки сродни политички субјекти.
„Во случајов ние имаме партии кои се на двата спротивни пола, за жал, не само програмски, туку ако сакате и во сите досегашни настапи и тоа не само во минатото, од појавата на ДПА на македонската политичка сцена, туку до неодамна“, вели универзитетскиот професор Гордана Силјановска.
Без поголеми очекувања за тоа како ваквата соработка ќе се одрази на меѓуетничките односи во земјава e и професорот Етем Азири. Албанците во земјава мора да се интегрираат, а за да се случи тоа потребни се коалиции од овој тип, вели тој.
„Албанците мора да се интегрираат, а за да се интегрираат, ваквите коалиции, ако се искрени, се многу корисни за државата.“
Според Силјановска, пак, единствената причина поради која двете партии се одлучуваат за соработка која може да прерасне во коалиција не смее да биде објаснувањето „да се победи ВМРО-ДПМНЕ“.
„Нашето коалицирање, особено последново, е модел на коалицирање којшто е елитистички, олигархиски, персонален, бидејќи многу често ние и сега имаме ден или два дена потоа некакви реакции од симпатизерите, од граѓаните кои гласаат за едните или за другите.“
Размислувањата дека новата соработка на Тачи и Црвенковски ќе предизвика поголеми последици на политичката сцена се приказни за мали деца, вели Азири.
„Мене уште понеразбирлива ми е реакцијата на власта која цело време сака да не убеди како граѓани дека нивната цел да дојдат на власт. Па што е целта на политичките партии ако не доаѓање на власт, да не е продавање на пиперки и на патлиџани.“
Во услови на пропорционален изборен систем, на Македонија и требаат вакви предизборни коалиции, заклучуваат експертите, но само доколку избраната албанска партија има печат на граѓанска ориентација, односно на партија на која нема да и бидат најважни статистиката и правичната застапеност во институциите.
Нашето коалицирање, особено последново, е модел на коалицирање којшто е елитистички, олигархиски, персонален, бидејќи многу често ние и сега имаме ден или два дена потоа некакви реакции од симпатизерите, од граѓаните кои гласаат за едните или за другите.Гордана Силјановска, универзитетски професор.
„Во случајов ние имаме партии кои се на двата спротивни пола, за жал, не само програмски, туку ако сакате и во сите досегашни настапи и тоа не само во минатото, од појавата на ДПА на македонската политичка сцена, туку до неодамна“, вели универзитетскиот професор Гордана Силјановска.
Без поголеми очекувања за тоа како ваквата соработка ќе се одрази на меѓуетничките односи во земјава e и професорот Етем Азири. Албанците во земјава мора да се интегрираат, а за да се случи тоа потребни се коалиции од овој тип, вели тој.
„Албанците мора да се интегрираат, а за да се интегрираат, ваквите коалиции, ако се искрени, се многу корисни за државата.“
Мене уште понеразбирлива ми е реакцијата на власта која цело време сака да не убеди како граѓани дека нивната цел да дојдат на власт. Па што е целта на политичките партии ако не доаѓање на власт, да не е продавање на пиперки и на патлиџани.Етем Азири, универзитетски професор.