Голем леден брег се отцепи од најголемиот глечер на Гренланд, покажуваат најновите снимките на НАСА. На нив се гледа дека станува збор за дел со површина од 120 квадратни километри. Пред две години од истиот глечер се одвои два пати поголем леден брег. Научниците сметаат дека причина за ова е се потоплата клима. Тие додаваат дека во минатиот месец било измерено најголемото губење на морскиот мраз на Сееверниот пол досега.