Економската криза во Европа, но и зголемените трошоци за производство го намалија извозот на прехранбени производи од земјава за 16 отсто во првата половина од годинава.
Намалената побарувачка од странство е меѓу првите проблеми со кои се соочува прехранбениот сектор оваа година. Ова го покажуваат и податоците за трговска размена, според кои, во последните шест месеци од годината извозот е намален за 16 проценти.
Според домашните производители на храна, тоа се случува поради економската криза во Европа и високите цени на енергенсите, но и затоа што за многу производители зголемените трошоци во работењето биле најголем проблем во работата. Високата цена на пченицата и пониските цени на брашното увезено од Србија ја условија одлуката на нашите млинови да не произведуваат и тоа предизвика намалување на приходите и загуба во овој дел од индустријата, објаснуваат производителите на жито.
Лошите финансиски податоци кои ги прикажуваат компаниите во голема мера ги тераат и земјоделците да преживуваат.
„Не се знае, се најавува дека пченицата ќе има добра цена зашто ја нема. Млинарите притискаат да ја земат на чекање и да ја платат после 5-6 месеци“, вели Тоде Лазаревски кој произведува пченица и сончоглед.
Тој посочува дека има земјоделци кои за да обезбедат егзистенција не водат сметка за безбедноста на производите.
„Гледаме на пример домат, ако земеш надвор е црвен, а внатре исечи го е зелен, тоа не може да помине во Европа. Последните години се прскаат, за егзистенција се прават чуда.“
Иако, според финансиските извештаи, некои компании од млечната индустрија имаат зголемена продажба на странските пазари, најголем проблем е општиот пад на потрошувачката во регионот. Како резултат на склучените договори за извоз, Јован Дабевски, посочува дека имаат дури многу подобри резултати од лани.
„Општата потрошувачка во регионот е падната, но тоа не значи дека генерално една компанија мора да паѓа. Во првата половина од оваа година во однос на правата половина од минатата година имаме над 20 проценти раст во извозот. Нашата интенција, нашите планови беа такви, да притискаме на извозот, тој да расте и тоа го реализиравме.“
Сепак, според неговите зборови, најголем предизвик за индустријата со храна кај нас е тоа што треба да се подготви за европската конкуренција.
Падот во прехранбената индустрија е пример како Македонија дозволува да се уништува природниот потенцијал што како земја го имаме, вели професор Борис Анакиев.
„Тоа е нормално резултат на случувањата во Европа каде ние извезуваме повеќе од 60 проценти од земјоделските производи, тоа е едно. Второ ние сè уште сме извозници на суровини, малку правиме високо финални производи кои се сè повеќе барани, малку правиме производи кои се третираат како производи кои придонесуваат за подобро здравје, тоа во светот сè повеќе се бара.“
Во исто време, од година во година растат субвенциите во земјоделството и годинава изнесуваат 130 милиони евра.
Не се знае, се најавува дека пченицата ќе има добра цена зашто ја нема. Млинарите притискаат да ја земат на чекање и да ја платат после 5-6 месеци.Тоде Лазаревски, земјоделец.
Општата потрошувачка во регионот е падната, но тоа не значи дека генерално една компанија мора да паѓа. Во првата половина од оваа година во однос на правата половина од минатата година имаме над 20 проценти раст во извозот.Јован Дабевски, производител на млечни производи.
Лошите финансиски податоци кои ги прикажуваат компаниите во голема мера ги тераат и земјоделците да преживуваат.
„Не се знае, се најавува дека пченицата ќе има добра цена зашто ја нема. Млинарите притискаат да ја земат на чекање и да ја платат после 5-6 месеци“, вели Тоде Лазаревски кој произведува пченица и сончоглед.
Тој посочува дека има земјоделци кои за да обезбедат егзистенција не водат сметка за безбедноста на производите.
„Гледаме на пример домат, ако земеш надвор е црвен, а внатре исечи го е зелен, тоа не може да помине во Европа. Последните години се прскаат, за егзистенција се прават чуда.“
Ние сè уште сме извозници на суровини, малку правиме високо финални производи кои се сè повеќе барани, малку правиме производи кои се третираат како производи кои придонесуваат за подобро здравје, тоа во светот сè повеќе се бара.Борис Анакиев, универзитетски професор.