Најмалку 100 загинати во експлозија на цистерна во Нигерија

Архивска фотографија.

Повеќе од 100 луѓе загинале денеска во експлoзија на цистерна со бензин во југоисточна Нигерија, јави Би- би- си. Властите соопштиле дека возилото не експлодирало веднаш по несреќата, па населението тоа го искористило да земат бензин, но потоа цистерната експлодирала. Повеќе од 100 луѓе загинале на лице место, а 35 се повредени и однесени во болница. Поради лошите патишта сообраќајните несреќи се чести во Нигерија. Се очекува жртвите да бидат погребани заедно, затоа што голем дел од нив се изгорени до непрепознатливост.