Сиромаштијата во Македонија со години се движи околу 30 отсто. Опозицијата реагира дека, ако се инвестираше во инфраструктура место во споменици ќе имаше поголем економски раст. Власта, пак, вели дека нема магична формула за намалување на сиромаштијата.
Економски развој, зголемен број странски инвестиции и отворање нови работни места за намалување на сиромаштијата на долг рок и социјални програми за ублажување на сиромаштијата кај ранливите групи на краток рок. На овој начин експертите со кои разговаравме гледаат решение за сиромаштијата во земјава која со години се движи околу 30 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 30,4 отсто, односно речиси секој трет граѓанин во Македонија, минатата година биле сиромашни. Според достапните податоци на интернет страницата на Државниот завод за статистика, процентот на сиромаштија во земјава постојано се движи околу бројката од 30 отсто. За илустрација, во 2007 година имало 29,4 отсто сиромашни граѓани, во 2008 – 28,7 отсто, во 2009 – 31,1 отсто, во 2010 – 30,9 отсто и лани 30,4 отсто.
Социологот, професор Илија Ацески вели дека без економски раст од најмалку 5 или 6 отсто, тешко може да се очекува намалување на сиромаштијата. Сега државата може само да ја ублажува сиромаштијата кај најранливите групи.
„Таа може само да се ублажи во смисла на поправична распределба на ресурсите во државата кај ранливите групи, оние кои навистина не се во можност по никоја основа да дојдат до некоја заработувачка или да дојдат до еден нормален живот. Вториот момент е распределба на јавното добро, да речеме од транспорт до она што се нарекува на некој начин јавна потрошувачка и тука може државата да интервенира, да ги ублажува ударите на сиромаштијата кај ранливите групи“, вели Ацески.
Опозицијата и дел од економистите долго време ја повторуваат тезата, дека наместо да се трошат милиони евра за споменици, требало да се инвестира во инфраструктура што потоа ќе поттикне поголем економски раст. Од друга страна, во прилог на власта оди тезата дека и кога не се градеа споменици, сиромаштијата повторно беше околу 30 отсто.
Универзитетскиот професор Вељанд Рамадани неодамна за нашето радио изјави дека неконтролираното трошење на пари за непродуктивни проекти, е меѓудругото и причина за нискиот економски раст во земјава.
„Моментално сите средства што се добиваат или во форма на грантови или во форма на кредити, од страна на владата се трошат за непродуктивни проекти. Од тие проекти ќе нема повраток на инвестираното, туку е само на маркетиншки план, а сето тоа подоцна може да резултира со социо–економски проблеми.“
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски вчера изјави дека нема магична формула за намалување на сиромаштијата, но оти решението на проблемот е во програмата на Владата каде има над 1.000 проекти кои директно или индиректно влијаат на забрзан економски раст и отворање нови работни места. Пешевски вели дека Владата не е задоволна од сегашниот стeпен на невработеност и она што се случува, но додава дека не може да се биде незадоволен во однос на она што се случува во светот.
Таа може само да се ублажи во смисла на поправична распределба на ресурсите во државата кај ранливите групи, оние кои навистина не се во можност по никоја основа да дојдат до некоја заработувачка или да дојдат до еден нормален живот. Вториот момент е распределба на јавното добро, да речеме од транспорт до она што се нарекува на некој начин јавна потрошувачка и тука може државата да интервенира, да ги ублажува ударите на сиромаштијата кај ранливите групи.Илија Ацески, социолог.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 30,4 отсто, односно речиси секој трет граѓанин во Македонија, минатата година биле сиромашни. Според достапните податоци на интернет страницата на Државниот завод за статистика, процентот на сиромаштија во земјава постојано се движи околу бројката од 30 отсто. За илустрација, во 2007 година имало 29,4 отсто сиромашни граѓани, во 2008 – 28,7 отсто, во 2009 – 31,1 отсто, во 2010 – 30,9 отсто и лани 30,4 отсто.
Социологот, професор Илија Ацески вели дека без економски раст од најмалку 5 или 6 отсто, тешко може да се очекува намалување на сиромаштијата. Сега државата може само да ја ублажува сиромаштијата кај најранливите групи.
Моментално сите средства што се добиваат или во форма на грантови или во форма на кредити, од страна на владата се трошат за непродуктивни проекти. Од тие проекти ќе нема повраток на инвестираното, туку е само на маркетиншки план, а сето тоа подоцна може да резултира со социо–економски проблеми.Вељанд Рамадани, универзитетски професор.