Лошата инфраструктура се одразува на македонскиот бизнис. Стопанствениците велат дека извозот ги чини многу и апелираат властите да инвестираат во инфраструктура за да може бизнисот да биде конкурентен на странските пазари.
За македонскте бизнисмени недостигот на инфраструктура во земјава директно се одразува на нивното работење, а влијае и на економската слика во земјава. Подобрата инфраструктура значи подобар транспорт, вели Савка Димитрова, директор на фабриката Европа. Извозот на нашите производи чини многу, оти немаме патишта како европските, вели таа.
„Транспортните организации или поединци, возачи што се вели, цената си ја формираат на база на трошоците што ги прават, ако немате вие добра инфраструктура, ако не може да стигне за кратко време, ако го расипува камионот заради дупите кога вози, нормално дека цената се подига.“
Не може да бидете конкурентни на странските пазари ако до нив не можете да стигнете брзо, се согласува и директорот на Макстил Александар Панов. Нема економски развој без добра инфраструктура, вели Панов и предупредува дека токму тоа ги одвраќа потенцијалните странски инвеститори да го вложат својот капитал во Македонија.
„Кога инвеститорот што ќе дојде тука гледа дека нема слободен проток на стока, на капитал преку инфраструктура дали е железничка или патна, тој дебело ќе размисли дали треба да инвестира тука, значи секоја земја прво што треба да направи е да го реши проблемот со инфраструктурата.“
Изградбата на автопати и пруги се еден од главните адути во предизборните кампањи на партиите. Секоја одговорна влада треба да се погрижи да се спроведе еден таков проект иако е очигледно дека тоа не се прави зошто изградбата на истите бара многу пари и време, а граѓаните не гледаат директен ефект од тоа, вели Панов.
„Апсолутно стратешки е многу важно, но сето тоа во состојба на популистичка или било каква политика никој не сака да се зафати со еден ваков стратешки долгорочен проект кој земјата за пет, десет или петнаесет години ќе ги осети бенифитите.“
И економските аналитичари сметаат дека инфраструктурата е особено важна за економскиот развој на земјата. Градежните активности дополнително го раздвижуваат економскиот амбиент, а крупните капитални проекти нудат долгорочни ефекти за една економија, вели универзитетскиот професор Зоран Ивановски.
„Од друга страна веќе изградените патиштата секако се бенефит за граѓаните и компаниите од аспект на побрзо комуницирање, поврзување, дистрибуција на стоки, услиги и така натаму.“
Покрај ова, инфраструктурата е особено важна и за развој на туризмот. Немањето автопати и добра патна мрежа се смета за голем недостиг кој ги тера потенцијалните туристи да ја заобиколат Македонија.
ранспортните организации или поединци, возачи што се вели, цената си ја формираат на база на трошоците што ги прават, ако немате вие добра инфраструктура, ако не може да стигне за кратко време, ако го расипува камионот заради дупите кога вози, нормално дека цената се подига.Савка Димитрова,, стапанственик.
„Транспортните организации или поединци, возачи што се вели, цената си ја формираат на база на трошоците што ги прават, ако немате вие добра инфраструктура, ако не може да стигне за кратко време, ако го расипува камионот заради дупите кога вози, нормално дека цената се подига.“
Не може да бидете конкурентни на странските пазари ако до нив не можете да стигнете брзо, се согласува и директорот на Макстил Александар Панов. Нема економски развој без добра инфраструктура, вели Панов и предупредува дека токму тоа ги одвраќа потенцијалните странски инвеститори да го вложат својот капитал во Македонија.
Кога инвеститорот што ќе дојде тука , гледа дека нема слободен проток на стока, на капитал преку инфраструктура дали е железничка или патна, тој дебело ќе размисли дали треба да инвестира тука, значи секоја земја прво што треба да направи е да го реши проблемот со инфраструктурата.Александар Панов, стопанственик.