Илјадници египќани се собраа на плоштадот Тахрир во Каиро за да протестираат поради одлуката на Врховниот уставен суд во Египет кој го „замрзна“ декретот на новоизбраниот претседател Мохамед Морси. Со декретот на Морси се повикуваше повторно свикување на парламентот. Вчера пратениците успеаја накратко да се соберат во парламентот во Каиро. Судот го отфрли декретот, велејќи дека пресудите на судот не се предмет на жалба.
Врховниот суд, кој е на страна на воениот Врховен совет, пред еден месец донесе одлука за распуштање на парламентот, а Морси изјави дека парламентот мора да се свика за да можат да се закажат нови избори.