Добро е што има реклами за промоција на туризам и неколку владини тела за истата намена, но недостига долгорочна стратегија и професионализам, порачуваат упатените.
Добри домаќини за подобар туризам е најновата кампања на владата во која се претставуваат туристичките понуди на земјава со сите недостатоци. Освен рекламите слични на оваа кои во изминатите години се пласираа во медиумите се формираше и Kомитет за туризам во владата, а ја имаме и Aгенцијата за поддршка и развој на туризмот.
Експерите се согласни дека реклами за промоција на туризмот треба да има, а забележан е и одреден напредок во однос на минатото, но треба уште многу да се работи за да се постигне вистински развој на туризмот. Претседателот на стопанската комора за туризам Емил Димитровски вели дека проблемот е во стратегиите кои се краткорочни.
„Кај нас имаше два-три обида за стратегија за развој на туризам, но сите тие беа краткорочни, мислам дека конечната верзија не се усвои. Но, нема време за чекање, иако се чуствува дека има многу напредок во областа на туризамот, особено за incoming туристи, само што чекорите се парцијални.“
Професорот на факултетот за туризам и менаџмент Димитар Бојаџиевски вели дека првиот чекор за развој на туризмот е направен успешно со зголемување на бројката на туристи во земјава. Според него, добро е што постојат владини тела, но тие работат аматерски, бидејќи се расплинуваат на сите пазари.
„Македонија е малечка држава, со мал сместувачки капацитет и туристички и културно-историски убавини. Ние не сме туристичка дестинациај каква што е Хрватска, Турција и да не речем како поголемите Франција или Италија. Според мене, би било најпаметно сета таа енергија да се усмери и да се сконцентрира на туристи од две или од три држави.“
Според Димитровски, мора да се вклучат сите засегнати страни, односно владата, локалната самоуправа и приватниот сектор.
„Мора да се работи заеднички и сите што ќе вложуваат да знаат што ќе добијат на крај. Јас очекувам последен да се вклучи приватниот чекор, затоа што се работи за лични пари и средства и секогаш ќе гледа да добие бенефит од тоа што ќе го вложи.“
Бојаџиевски смета дека туризмот треба да им се остави на професионалците.
„Има квалитетни професионалци во доволен број, не може да се дозволи некој што нема искуство ни пет дена или пет месеци или една година да го води туризамот.“
Не успеваме да го добиеме секторот за туризам при министерството за економија за да ни објаснат на какви проекти работат заедно со Комитетот, а недостапен за коментар беше и претседателот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот.
Кај нас имаше два-три обида за стратегија за развој на туризам, но сите тие беа краткорочни, мислам дека конечната верзија не се усвои. Но, нема време за чекање, иако се чуствува дека има многу напредок во областа на туризамот, особено за incoming туристи, само што чекорите се парцијални.Емил Димитровски, Стопанската комора за туризам.
Експерите се согласни дека реклами за промоција на туризмот треба да има, а забележан е и одреден напредок во однос на минатото, но треба уште многу да се работи за да се постигне вистински развој на туризмот. Претседателот на стопанската комора за туризам Емил Димитровски вели дека проблемот е во стратегиите кои се краткорочни.
„Кај нас имаше два-три обида за стратегија за развој на туризам, но сите тие беа краткорочни, мислам дека конечната верзија не се усвои. Но, нема време за чекање, иако се чуствува дека има многу напредок во областа на туризамот, особено за incoming туристи, само што чекорите се парцијални.“
Македонија е малечка држава, со мал сместувачки капацитет и туристички и културно-историски убавини. Ние не сме туристичка дестинациај каква што е Хрватска, Турција и да не речем како поголемите Франција или Италија. Според мене би било најпаметно сета таа енергија да се усмери и да се сконцентрира на туристи од две или од три држави..Димитар Бојаџиевски, професор на факултетот за туризам и менаџмент.