Четири очи - милиони евра

Сè поголем е бројот на договори склучени во четири очи. Вредноста на овие договори без објавување на оглас во првиот квартал годинава изнесува околу 12 милиони евра, констатира Центарот за граѓански комуникации.
Сè поголем е бројот на договори склучени во четири очи, констатира Центарот за граѓански комуникации. Вредноста на договорите склучени со преговарање без објавување на оглас во првиот квартал годинава изнесува околу 12 милиони евра или 26 проценти повеќе во однос на минатата година. Од Бирото за јавни набавки велат дека договорите склучени со преговарање без објавување оглас не се редовна постапка, но истата е предвидена со закон.
Сите договорни органи го почитуваат основот за доставување на известувања за склучените договори на јавната страна од достапни податоци за сите склучени договори, вклучително и овие што не биле предмет на објавување. Значи веќе транспарентноста на трошењето на јавните средства од аспект на јавно трошење на парите се зголемува.
Маре Богева Мицовска, директорка на Бирото за јавни набавки.

Договорната страна мора да исполнува услови за да може да учествува во ваквата постапка, а еден од нив е на веб-страницата на Бирото, јавно да ги објави сите тендери кои ги склучила, па оттука нема ништо тајно и сомнително во постапките, вели директорката на Бирото за јавни набавки Маре Богева Мицовска.

Маре Богева Мицовска, директорка на Биро за јавни набавки.


„Сите договорни органи го почитуваат основот за доставување на известувања за склучените договори на јавната страна од достапни податоци за сите склучени договори, вклучително и овие што не биле предмет на објавување. Значи веќе транспарентноста на трошењето на јавните средства од аспект на јавно трошење на парите се зголемува.“

Богева Мицовска не потврдува дали вредноста на договорите склучени во четири очи е таква каква што ја презентира Центарот.
И да работат идеално, сепак јавниот обвинител е тој што треба сериозно да ги разгледа сите индиции или укажувања за незаконитоста во трошењето на јавните пари.
Слаѓана Тасева, Транспаренси интернејшнал.

„Ние сега излеговме со годишен извештај за минатата година и ние не правиме вакви квартални анализи како што прават тие. Треба да се види нивната методологија, од кои договори го пресметале овој процент, на која сума, за кои услови.“

Мониторингот на Центарот покажал и дека процентот на постапки во кои била закажана, но не се спровела електронска аукција изнесува 35 проценти.

Кај повеќето од нив не постоеле услови за закажување аукција бидејќи била доставена само една понуда или само една фирма ги исполнила условите за квалификација.

Тоа што во над 30 насто од постапките не е спроведена електронска аукција, за Богева Мицовска е незначително во однос на големиот процент на тендерски постапки кои биле електронски спроведени.

Антикорупционерите, пак, сметаат дека тендерските постапки секогаш биле поволни за корупција. Според поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева, Бирото за јавни набавки повеќе прикрива отколку што обезбедува информации. Улогата на коректор или контролор во трошењето на јавните пари апсолутно им е одземена или не си ја остваруваат како што треба, вели Тасева.

„И да работат идеално, сепак јавниот обвинител е тој што треба сериозно да ги разгледа сите индиции или укажувања за незаконитоста во трошењето на јавните пари.“

Најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации меѓудругото констатирал дека договорните страни свесно или несвесно придонесуваат кон отежнато учество на фирмите во постапките за јавни набавки и со тоа кон намалување на конкуренцијата. Покрај тоа, во значителен дел од мониторираните тендери, на фирмите им се бараат годишни приходи кои се од 10 до 27 пати поголеми од вредноста на набавката.

Невладините организации велат дека извор на корупција можат да бидат и поништените тендери.