Пад на кинеското индустриско производство

Индустриското производство во Кина бележи пад во изминативе седум месеци, покажуваат најновите официјални податоци. Европската должничка криза влијае врз побарувањата за кинески извозни стоки, додека пак потезите за построга контрола во градежниот сектор негативно влијаеле врз градежните расходи. Постои загриженост дека економскиот раст во Кина ќе падне за 8 проценти во вториот квартал годинава. Спеак, според западните стандарди, падот не би бил значителен, имајки ги предвид двоцифрените стапки на раст на кинеската економија во изминативе години.