Споменици ќе се градат, па што сака нека биде

Владата не запира со градењето, без разлика на укажувањата на јавноста дека во време на криза треба да се запре со непродуктивните трошоци.
Народните пари и натаму ќе се користат за изградба на нови споменици во центарот на Скопје што покажува дека владата и натаму сака да ја истера својата цел, без разлика на укажувањата на јавноста дека во време на криза треба да се запре со непродуктивните трошоци, велат експертите со кои разговаравме. Мајка Тереза официјално доби маркичка за споменик, а во план се и уште два во правец кон плоштадот Скендербег.
Кога едноставно една власт смета дека тоа што го добила мандатот на одредени избори и дава бланко чек да владее онака како што си замислува без да го има предвид мислењето на граѓаните, то ест јавното мислење.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Професор Здравко Савески вели дека во овој случај можеме во најчист облик да го видиме феноменот на ароганција на владеењето.

„Кога едноставно една власт смета дека тоа што го добила мандатот на одредени избори и дава бланко чек да владее онака како што си замислува без да го има предвид мислењето на граѓаните, то ест јавното мислење.“

Споменик на Димитар Поп Георгиев - Беровски во Скопје.


Професор Мерсел Биљали вели дека власта во континуитет работи во принцип село гори баба се чешла, бидејќи земјата е во огромна криза, а продолжува и натаму изградбата на споменици.
Само градењето на спомениците е продуктивно во нашата држава и ништо чудно. Јас би се зачудил ако почне да се прави нешто поконструктивно од ова што се прави. Гледам дека се работи за владина ароганција од причина што дејствуваат со сила, значи да се истера целта па макар и небото да се урне.
Здравко Савески, универзитетски професор.

„Само градењето на спомениците е продуктивно во нашата држава и ништо чудно. Јас би се зачудил ако почне да се прави нешто поконструктивно од ова што се прави. Гледам дека се работи за владина ароганција од причина што дејствуваат со сила, значи да се истера целта па макар и небото да се урне.“

Според Савески, таквата концепција на демократија, ако може да се гледа така, на долг рок создава анти-демократска култура.

„Која во иднина може секоја идна власт да го користи како аргумент и таа да постапува на сличен начин. Така што, тука во тој однос на ароганција во владеењето може да се забележи и поткопување на темелите на демократијата.“

Дека и граѓаните сметаат дека треба да се запре со изградбата на споменици поради застојот во економијата, покажува и анкетата во рубриката Хајд парк на нашата веб страна.

Во изминатите денови се поставија три нови споменици, на Димитар Поп Георгиев-Беровски, на Основачите на ВМРО и на Македонски војвода на коњ, кои чинат повеќе од 1,5 милиони евра. Нивното поставување наиде на остри критика и од опозицијата и од пошироката јавност.

Во време на криза и намален буџет владата и натаму инсистира на градење споменици. Повеќето од граѓаните велат дека треба да се запре со непродуктивните трошоци. Што мислите вие? Погледнете го видеото и коментирајте овде.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд парк - Споменици во време на криза