32-ца косовски полицајци и 20-тина срби биле повредени во денешниот инцидент на границата меѓу Косово и Србија.
Во судирите на граничнуиот премин Мердаре, меѓу Србија и Косово, изутрината дошло до инцидент во кој биле повредени 32-ца косовски полицајци и 20-тина лица кои оделе на одбележување на Видовден на Косово. Претходно, групата срби правела инциденти во Митровица, поради што, косовската полиција ги вратила на преминот Мердаре, каде што дошло до судир.
Како што јави дописникот на Радио Слободна Европа од Куршумлија, од 20-те повредени лица од Србија, 6-мина биле потешко, а еден бил префрлен во клиничкиот центар во Ниш.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Реџепи потврди дека 32-ца косовски полицајци се повредени, главно од камења кои србите ги фрлале кон нив. Тој истакна дека при инцидентот имало и истрели од огнено оружје, но оти тие доаѓале од српска страна.
Претседателката на Косово, Атифете Јахјага остро го осуди нападот врз припадниците на полицијата на Косово од страна на, како што рече, насилни хулигани од Србија. Напорите на овие хулигани, кои без дозвола и насилно влегле на Косово, ќе бидат спречувани и во иднина бидејки претставуваат сериозно кршење на редот и законите, се вели во соопштението од кабинетот на Јахјага.
Како што јави дописникот на Радио Слободна Европа од Приштина, истата група срби, претходно во Митровица ја провоцирала косовската полиција, а носеле и маици со навредливи содржини.
Ситуацијата на граничниот премин Мердаре, моментално е мирна, но од безбедносни причини, е привремено затворен.
Мандатарот за состав на новата српска влада, Ивица Дачиќ денеска изјави дека меѓународните сили се должни да го обезбедат мирот на Косово и да им овозможат на србите да го прославуваат Видовден, бидејки таму нема српски безбедносни сили.