„Госпоѓица Јулија“, една од најпознатите драми на Август Стриндберг, утревечер премиерно ќе биде изведена на сцената на МНТ во Скопје.
По нецели три години од постановката на Александар Поповски во Турскиот театар, „Госпоѓица Јулија“, натуралистичката драма и едно од најдобрите остварувања на шведскиот автор Август Стриндберг напишано во 1888 година, повторно ќе се најде на една од македонските театарски сцени.
Овојпат, текстот кој зборува за социјалните разлики, љубовта, страста и за борбата меѓу половите, во МНТ го поставува гостинот од Литванија – Саулиус Варнас. Станува збор за вонсериски режисер, за автор кој работел и бил наградуван насекаде во Европа и чиј необичен процес на креација и обземеност со делата на Стриндберг се фасцинантни. Тој вели дека театарот за него е како поезија во просторот, дека треба да биде визуелен и разбирлив и без да биде изговорен еден збор.
„Не сум роб на литературата, секогаш сакам да креирам нешто ново, да избирам тимови. За мојата работа многу е важно движењето на сцената, текстот како музика или како звук и боите кои се појавуваат на сцената кои треба да бидат како музика. Сите елементи што ги набројав мора да се спојат во еден вид композиција. И кога тоа ќе се случи добивате нешто што е неочекувано.“
Варнас дополнува дека остварил одлична комуникација со актерите Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска и Дарја Ризова и вели дека тие во „катадневниот ритуал на борбата меѓу половите можат одеднаш да експлодираат“, што според неговата поетика е неопходно потребно кога станува збор за отелотворување на карактерите на Стриндберг.
Јолевски, пак, забележува дека тие по прв пат се среќаваат со ваков специфичен и необичен процес на работа, но дека притоа едноставно се свртеле кон себе, ги отвориле своите сензори и дозволиле да ги понесе чувството на љубов.
„Овие два месеци се справував прво со убавината на текстот на Стриндберг, со мачнотијата што ја има внатре, со љубовта којашто пршти на сите страни, со желбата да се сака, со желбата да се биде сакан, со желбата да се постигне нешто што многу ретко може да се случи.“
Звездана Ангеловска, од своја страна, ги потенцира силните и длабоки пораки и многуте театарски знаци и симболи во претставата, а младата Дарја Ризова, на која, по „Животот е сон“ во режија на Владо Цветановски, ова и е втора премиера во Македонскиот народен театар, за својата Госпоѓица Јулија вели дека тоа е „сон и предизвик за секоја актерка“.
„Таа е лик којшто во себе носи комплекси, љубов, омраза, страдање, страв, срам, страст, солзи, смеа...“
Сценографијата и костимите се на Јурате Рачинскаитае, долгогодишната соработничка на Варнас, а „Госпоѓица Јулија“ е седмата премиера на МНТ во 2012 година. Тоа наедно е и претстава со која нашата национална установа ја продолжува својата заложба за „железен репертоар“ и проект што е дел од програмата на актуелното Скопско лето.
Не сум роб на литературата, секогаш сакам да креирам нешто ново, да избирам тимови. За мојата работа многу е важно движењето на сцената, текстот како музика или како звук и боите кои се појавуваат на сцената кои треба да бидат како музика. Сите елементи што ги набројав мора да се спојат во еден вид композиција. И кога тоа ќе се случи добивате нешто што е неочекувано.Саулиус Варнас, режисер.
Овојпат, текстот кој зборува за социјалните разлики, љубовта, страста и за борбата меѓу половите, во МНТ го поставува гостинот од Литванија – Саулиус Варнас. Станува збор за вонсериски режисер, за автор кој работел и бил наградуван насекаде во Европа и чиј необичен процес на креација и обземеност со делата на Стриндберг се фасцинантни. Тој вели дека театарот за него е како поезија во просторот, дека треба да биде визуелен и разбирлив и без да биде изговорен еден збор.
„Не сум роб на литературата, секогаш сакам да креирам нешто ново, да избирам тимови. За мојата работа многу е важно движењето на сцената, текстот како музика или како звук и боите кои се појавуваат на сцената кои треба да бидат како музика. Сите елементи што ги набројав мора да се спојат во еден вид композиција. И кога тоа ќе се случи добивате нешто што е неочекувано.“
Овие два месеци се справував прво со убавината на текстот на Стриндберг, со мачнотијата што ја има внатре, со љубовта којашто пршти на сите страни, со желбата да се сака, со желбата да се биде сакан, со желбата да се постигне нешто што многу ретко може да се случи.Ѓорѓи Јолевски, актер.