Турција ќе се консултира со НАТО за Сирија

Северноатлантскиот совет ќе одржи состанок во вторник посветен на консултациите кои ги побара Турција во врска со соборувањето на нејзиниот авион ловец Ф-4 од страна на Сирија во петокот, изјави во Брисел портпаролот на НАТО Оана Лунџеску. „Турција побара консултации по силата на членот 4 од Вашингтонскиот договор. Согласно членот 4, секоја сојузничка земја може да побара консултации доколку смета дека е загрозен нејзиниот територијален интегритет, политичката независност или нејзината безбедност“ рече Лунџеску.