Спомен обележјата и именувањето на улиците треба да водат кон обединување на граѓаните, а не кон поделби, велат историчарите. Доколку нема консензус за значајните личности од македонската историја, има опасност секоја нова политичка гарнитура да ги слави оние што се битни според нив.
Откако во Македонија во последните неколку години молскавично брзо почнаа да се случуваат промени во јавниот урбан простор, од промена на имиња на улици до поставување скулптури, слушнавме многу работи за тоа што не е во ред. Некои од тие обвиненија беа лажни, други вистинити, но заедничко е што сите тие како да се неважни. Поради ова, пред очите на граѓаните не може да се порекне впечатокот на збунетост, бидејќи за кус период сликата на градот доживува промени, а науката која е најповикана да одлучува понекогаш беше затекната.
Најнов е примерот со Тодор Александров кој е еден од контроверзните ликови во историјата. Додека историчарите уште спорат околу неговата улога, улица и мост во Скопје се именувани по него. Улицата пред хотелот Холидеј ин, која досега се викаше Стив Наумов, пак, сега ќе се вика Филип Втори.
Власта дава образложение дека Стив Наумов ќе добие посоодветно место, но никако да проговори од каде доаѓа идејата Тодор Александров да се најде меѓу предложените имиња. Историчарите не може да се начудат, дали ова се прави од незнаење или со цел да предизвика конфронтација, бидејќи како поинаку да се објасни постапката да се ставаат имиња кои предизвикуваат полемика.
Директорот на институтот за национална историја Тодор Чепреганов, кој не штеди на зборови за критика, тврди дека спомен обележјата и случувањата со улиците треба да водат кон обединување на граѓаните, а не да ги делат.
„Требаше да се остави науката да го утврди и верифицира местото на Тодор Александров и ако фактите докажат дека вистината е поинаква од она што го имаме денеска и што е утврдено во многу писанија, тогаш немаше да има никаков проблем да го добие местото што го заслужува. Вака се дава голема можност за поларизација. И дебатите што се водат дека после тоа со доаѓањето на нова политичка власт во државата, тие ќе бидат сменети, покажува една несериозност пред се на подносителите на тие имиња, затоа што тие личности и настани не се пинг-понг топчиња, па секогаш кога ќе дојде нова политичка гарнитура да имаме промена. И како народ покажува дека несериозно се однесуваме кон нашата култура и историја“, вели Чепреганов.
Никој не ги прашува историчарите
Ова не е изолиран случај. Пред неколку месеци јавноста беше шокирана кога над новата зграда на Министерството за надворешни работи се извиши скулптура на Симеон Радев, кој без дилема е бугарски деец. Источниот сосед реагираше дека им одаваме чест на нивни ликови од историјата. За ова имаше експресна реакција и скулптурата со повлекување во депото на некој од музеите беше скриена од очите на јавноста со образложение дека е направен привид.
Но случајот со кумувањата на имињата на улиците не е таков. Нивните имиња остануваат и покрај реакциите. Најголемата опозициска партија СДСМ бурно реагираше во Градското собрание, а револтот, нејзините претставници го изразија кај мостот кај Холидеј ин со истакнување слики на познатиот Стив Наумов.
Според историчарите, ова ни се случува затоа што најповиканите кои може да ги дефинираат ликовите во историјата, воопшто не се консултирани од оние што носат одлуки.
„За ниеден настан институтот не е прашан. Стив не треба да се помисли да се трга. Кога во фелата се дискутабилни некои од случувањата, логично е дека ќе се раскараат и луѓето“, вели Чепреганов.
Реагираше и семејството на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров со барање неговото име да се повлече од предлозите бидејќи имаше иницијативата со негово име да се нарекува улица на периферијата на градот.
Политичките елити реагираа и на промената на називот на улицата Бихаќка, каде се наоѓа седиштето на најголемата опозициска партија, која отсега ќе се вика улица Павел Шатев. Промени има и во имињата на улиците кои се одомаќинети и се свртилиште на скопјани од сите генерации, како Ленинова која треба да се нарекува според таткото на македонскиот крал Филип Втори, Аминта Трети, а улицата Водњанска ќе се преименува во Мајка Тереза.
Кога нема консензус има поделби
Прашањето што најмногу паѓа во очи е дали ова е формулата која ја има некој за да предизвика реакции кај луѓето, а при тоа не водејќи сметка дека може да се предизвикаат поделби, онаму каде што најмалку би требало да има. На некои им е јасно дека во постапки што во принцип претставуваат техничка работа се внесува политика. Други граѓани воопшто не реагираат, оптоварени од економските проблеми, или пак веќе навикнати да бидат изненадувани од тоа што постојано нешто се менува.
„Едни се за некои луѓе од историјата кои направиле лошо за македонскиот народ , а ги величаат, а патриотите воопшто не ги ценат.“
„Не гледам дека со промената на имињата има некоја разлика, па и Аминта нели бил некој крал.“
„Ги дели луѓето. Историски значајна личност како Стив Наумов се менува за некој кој бил предавник на Македонија и тука е расправијата и незадоволството. Тоа се имиња кои се историски значајни, а сега властите кажуваат за некоја нова историја.“
„Фини си беа имињата на улиците, јас не знам што улога игра да ги менуваат, не ми е јасно зошто така, а сите негодуваа, за мостот кај Холидеј ин сите протестираа.“
За некои луѓе од струката се поизвесно е дека промените, така како што се прават, нема да донесат ништо добро. Социолозите велат дека промените се длабоки и траат долго на повеќе планови и во делот на архитектурата и во делот на историјата итн., и дека на долги патеки може да иницираат поларизација. Кон добар дел од некои од новите работи граѓаните може да се прилагодат и да ги прифатат, но има промени кои се дискутабилни и навлегуваат во подлабоките ткива на македонскиот културен и национален идентитет и затоа тоа не треба да се прави на начинот на којшто се прават, наведува професор Ило Трајковски.
„Па можеби е добро сето тоа, од една страна е развојот на демократијата, се обидува власта да направи нешто, па имате реакција од граѓаните, во некои делови таа се повлекува, во некои не се повлекува, но остануваат сеќавањата за тоа дека нешто се обидува да се направи без согласност, без консензус. Факт е дека македонското општество по повеќе линии не може да се води по логиката - ја имам власта па ќе правам како што знам и умеам, затоа што другите се лоши. Македонското општество е поделено по повеќе линии и тука треба да се гради потребата ако не од консензус, барем за приближување на ставовите, затоа што мислам генерално дека македонското општество е зрело за промени , тоа не е истото што беше пред 10, пред 15 години. Прашањето сега е дали тие промени ќе ги изведете со усул или ќе ги изведете преку колено па кој како сака нека реагира“, вели Трајковски.
Пред да ни се случат имињата на улиците и да се разбранува јавноста, претходеше серија во која градот беше разубавуван со поставување скулптури на повеќе ликови од историјата. Властите, пак, уште еднаш се покажаа многу внимателни кога размислуваа како да ги именуваат ликовите од историјата. Александар Македонски - споменикот на централниот плоштад - го нарековме Воинот на коњ, а Окованиот Прометеј доби име Факелоносецот.
Како да ја употребивме двојната формула, односно име за внатрешна и надворешна употреба и за спомениците и скулптурите, укажуваат некои граѓани. Но, наскоро се покажа дека некои од граѓаните за некои ликови немаат ниту основно познавање, иако политиката на оваа влада беше дека на тој начин ќе им одадеме чест на луѓето од историјата.
„За Александар мое мислење е дека добро влијае, а за другите околу некако е пренатрупано, но сето тоа е интерес на владата.“
„Се изгради, а со тоа не го затворија воздухот. Згради невидени, на што ни личи плоштадот? Зошто пак да градат споменик на Мајка Тереза овојпат триесетметарски? Мајка Тереза си има споменик, што убаво се и изградивме, а сега кај ќе го стават новиот споменик, на сред плоштад? Па нема место веќе.“
„Имам многу убавини во Македонија, а пола од луѓето и јас лично немаме поим што се има во Македонија, тие работи треба да се видат, тие убавини, а спомениците што се, ги има на секој чекор и само стојат, само куп метали што собираат прашина“, велат анкетираните граѓани.
Постојат и други причини кои може да донесат аргументација дека промените не се соодветни на очекувањата. Една од следните забелешки кои доаѓаат од архитектите е дека не е во ред да се интервенира без методичност. Уште пред три години воочивме дека студиски пристап или барем една елементарна аналитика на просторот во кој што се сака да се интервенира е неопходност, вели Даница Павловска, претседател на Здружението на архитекти.
„Прединамично е остварувањето на проектите кои се врзани за интервенции во просторот макар да се тие само некогаш и споменични обележја, споменици и да речеме, нешто на ниво на урбана опрема и оплеменување на јавниот простор. Таквото нешто го укажавме уште пред три години во една декларација во која кажавме дека таквиот вид на интервенции без методичност и пред се без инволвираност на струката, а тоа значи од сите сфери, онака како што се реализираат интервенциите во просторот, не е во ред. Да, тоа е општествена одговорност, меѓутоа за нас архитектите тоа е одговорност пред нашата совест и затоа реагираме на начин за кој што сметаме дека е најсоодветен“, вели Павловска.
(Не)потребна политизација
Некои експерти велат дека немаат ништо против интервенциите во јавниот простор, кога политиката не би го вмешувала прстот, при тоа алудирајќи повеќе на реакциите на опозицијата.
„Имаше сега еден пример зошто се менува сега Стив Наумов. Стив Наумов не се менува, колку што разбравме потоа, туку само друга поголема улица го добива името, ама тоа изгледа си го говореа само оние на кои им одговараше, значи пак се направи политизација, едноставно не се дообјаснуваат работите и секој си ги толкува како што сака. Мислам дека тоа ниво треба да се надмине“, коментира политикологот Владимир Божиновски.
Неколку моменти од разговорите како овие се доволни да се дознае моменталната состојба и го откриваат различниот пристап на општеството околу промените. Покрај сето тоа тешко може да се прекине впечатокот дека разликата во ставовите не се смета како проблематична, туку некои може и да се гордеат со тоа, сметајќи ги како демократски стил. Еве што за ова вели социологот Ило Трајковски.
„Ова е голем проект и такви проекти и потфати не се прават секогаш и во сите периоди. Демократијата е бавен процес и кога би сакале да функционираме демократски, тогаш ќе треба време, а очигледно некому му се брза од икс причини, дали му се брза да го искористи својот период или му се брза поради профитабилноста, но во секој случај, тогаш кога се засекува во демократското ткиво, во идентитетот, очекувано е во демократски култури да се постапува демократски затоа што нели тоа е јавен простор за кој сите имаат право да кажат, а дали ќе бидат послушани, тоа е друга работа“, вели Трајковски.
Што се однесува на улиците, за разлика од нас, на пример на Чесите не им пречи што некои од улиците веќе 50 години се викаат, Југословенска или Југословенски партизани. Слични примери има и во други градови во светот. Граѓаните велат „Историја - да, но не над се“. Ни фалат и модерни решенија. Има и поуниверзални и понеутрални имиња. Да не се оптоваруваме со историја и во обични, тековни работи, наведуваат некои од нив. Некои луѓе ја бранат идејата дека улиците сами по себе имаат своја историја. Како што објаснуваат некои од нив, има имиња кои се несоодветно ставени, но не значи дека во толкав број треба да се менува. Она што предизвикува најмногу реакции е впечатокот дека како нешто одново да почнува и поради тоа прашуваат која е потребата да се интервенира толку масовно. Најдоцна до есен се очекува најголемиот дел од скопските улици да добијат нови имиња. Засега од 300 улици утврдено е како ќе се преименуваат 29 улици, два моста и еден парк.
Играњето со чувствата на граѓаните носи политички поени
Во изминатите неколку месеци идејата за преименување на имиња на улици и училишта предизвика бранувања на јавноста и во мултиетничките средини. Можеа да се слушнат имиња на улици како Хасан Приштина, Жртвите на Блаце, Илирија... Додека граѓаните реагираат, политичките елити на власт како да гледаат тука да поентираат. Дневната политика често има потреба одредени теми кои луѓето ги доживуваат како интимни или како припаѓање на нацијата да ги искористува како подлога за манипулација. Таа манипулација често има само една цел - останување на власт од мандат, до мандат, потсетуваат експертите.
„Мислам дека тоа е евидентно. Политичките елити чувствуваат дека историјата, односно националните, етничките или личните чувства се уште може да минат добро на политичкиот пазар и тие максимално го користат тоа, без притоа да водат сметка за последиците од таквата краткорочна политика. На оние што размислуваат долгорочно им е јасно дека ваква политика којашто практично се заснова на злоупотреба на етничките, националните чувства не може да донесе никакви добро понатаму“, вели публицистот Ибрахим Мехмети.
Уште еден очигледен начин на креирање и истакнување на националниот идентитет преку интервенции во јавниот простор се гледа во изборот, покрај проектот Скопје 2014, да се гради плоштад и на спротивната страна од Вардар. Впечатокот што се добива е дека политиката ја користи архитектурата како медиум за испраќање пораки што е случај со кој било друг медиум, како телевизијата или интернетот. Разликата е тоа што трагите во просторот се долгорочни и дека сведочат за едно време какво и да било.
А, токму со тоа што се прават обемни интервенции, без да се обезбеди поширок општествен и стручен консензус, се покренуваат нови сомневања околу можноста дека кој како што ќе доаѓаат на власт може да прави измени според свое наоѓање. Од СДСМ рекоа кога ќе се вратат се ќе вратат на старо. Пред да почнеме да размислуваме дали се можни сценарија кои би довеле до можности политичките гарнитури, од мандат до мандат, да си ја прават историјата по своја желба, пред се мора да се запрашаме зошто мора да го правиме тоа што сега го правиме, вели историчарот Новица Велјановски.
„Тоа се споменици на сите граѓани на Република Македонија, а исто и улиците. Што ќе се случи ако после дојде нова политичка гарнитура и почне да ги менува имињата на улиците што во наводници не им се допаѓаат. Поделбата би настанала врз основа на она што е најлошо, националното“, вели Велјановски.
Неколку моменти од протестите пред Градското собрание засега се доволни да се дознае состојбата меѓу раскараните граѓани. Практичен доказ за поларизацијата имаше на снимките кои беа прикажани на телевизиите на кои се гледа како граѓани во знак на незадоволство од именувањето на улица по Тодор Александров извикуваат Бугари, Бугари. Таквите снимки дури и историчарите ги третираат како шокантни за 21 век.
Требаше да се остави науката да го утврди и верифицира местото на Тодор Александров и ако фактите докажат дека вистината е поинаква од она што го имаме денеска и што е утврдено во многу писанија, тогаш немаше да има никаков проблем да го добие местото што го заслужува. Вака се дава голема можност за поларизација. И дебатите што се водат дека после тоа со доаѓањето на нова политичка власт во државата, тие ќе бидат сменети, покажува една несериозност пред се на подносителите на тие имиња, затоа што тие личности и настани не се пинг-понг топчиња, па секогаш кога ќе дојде нова политичка гарнитура да имаме промена. И како народ покажува дека несериозно се однесуваме кон нашата култура и историја.Тодор Чепреганов, директор на институтот за национална историја.
Најнов е примерот со Тодор Александров кој е еден од контроверзните ликови во историјата. Додека историчарите уште спорат околу неговата улога, улица и мост во Скопје се именувани по него. Улицата пред хотелот Холидеј ин, која досега се викаше Стив Наумов, пак, сега ќе се вика Филип Втори.
Власта дава образложение дека Стив Наумов ќе добие посоодветно место, но никако да проговори од каде доаѓа идејата Тодор Александров да се најде меѓу предложените имиња. Историчарите не може да се начудат, дали ова се прави од незнаење или со цел да предизвика конфронтација, бидејќи како поинаку да се објасни постапката да се ставаат имиња кои предизвикуваат полемика.
Директорот на институтот за национална историја Тодор Чепреганов, кој не штеди на зборови за критика, тврди дека спомен обележјата и случувањата со улиците треба да водат кон обединување на граѓаните, а не да ги делат.
За ниеден настан институтот не е прашан. Стив не треба да се помисли да се трга. Кога во фелата се дискутабилни некои од случувањата, логично е дека ќе се раскараат и луѓето.Тодор Чепреганов, директор на институтот за национална историја.
„Требаше да се остави науката да го утврди и верифицира местото на Тодор Александров и ако фактите докажат дека вистината е поинаква од она што го имаме денеска и што е утврдено во многу писанија, тогаш немаше да има никаков проблем да го добие местото што го заслужува. Вака се дава голема можност за поларизација. И дебатите што се водат дека после тоа со доаѓањето на нова политичка власт во државата, тие ќе бидат сменети, покажува една несериозност пред се на подносителите на тие имиња, затоа што тие личности и настани не се пинг-понг топчиња, па секогаш кога ќе дојде нова политичка гарнитура да имаме промена. И како народ покажува дека несериозно се однесуваме кон нашата култура и историја“, вели Чепреганов.
Никој не ги прашува историчарите
Ги дели луѓето. Историски значајна личност како Стив Наумов се менува за некој кој бил предавник на Македонија и тука е расправијата и незадоволството. Тоа се имиња кои се историски значајни, а сега властите кажуваат за некоја нова историја.Анкетиран граѓанин.
Ова не е изолиран случај. Пред неколку месеци јавноста беше шокирана кога над новата зграда на Министерството за надворешни работи се извиши скулптура на Симеон Радев, кој без дилема е бугарски деец. Источниот сосед реагираше дека им одаваме чест на нивни ликови од историјата. За ова имаше експресна реакција и скулптурата со повлекување во депото на некој од музеите беше скриена од очите на јавноста со образложение дека е направен привид.
Но случајот со кумувањата на имињата на улиците не е таков. Нивните имиња остануваат и покрај реакциите. Најголемата опозициска партија СДСМ бурно реагираше во Градското собрание, а револтот, нејзините претставници го изразија кај мостот кај Холидеј ин со истакнување слики на познатиот Стив Наумов.
Според историчарите, ова ни се случува затоа што најповиканите кои може да ги дефинираат ликовите во историјата, воопшто не се консултирани од оние што носат одлуки.
„За ниеден настан институтот не е прашан. Стив не треба да се помисли да се трга. Кога во фелата се дискутабилни некои од случувањата, логично е дека ќе се раскараат и луѓето“, вели Чепреганов.
Реагираше и семејството на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров со барање неговото име да се повлече од предлозите бидејќи имаше иницијативата со негово име да се нарекува улица на периферијата на градот.
Имаше сега еден пример зошто се менува сега Стив Наумов. Стив Наумов не се менува, колку што разбравме потоа, туку само друга поголема улица го добива името, ама тоа изгледа си го говореа само оние на кои им одговараше, значи пак се направи политизација, едноставно не се дообјаснуваат работите и секој си ги толкува како што сака. Мислам дека тоа ниво треба да се надмине.Владимир Божиновски, политиколог.
Политичките елити реагираа и на промената на називот на улицата Бихаќка, каде се наоѓа седиштето на најголемата опозициска партија, која отсега ќе се вика улица Павел Шатев. Промени има и во имињата на улиците кои се одомаќинети и се свртилиште на скопјани од сите генерации, како Ленинова која треба да се нарекува според таткото на македонскиот крал Филип Втори, Аминта Трети, а улицата Водњанска ќе се преименува во Мајка Тереза.
Кога нема консензус има поделби
Прашањето што најмногу паѓа во очи е дали ова е формулата која ја има некој за да предизвика реакции кај луѓето, а при тоа не водејќи сметка дека може да се предизвикаат поделби, онаму каде што најмалку би требало да има. На некои им е јасно дека во постапки што во принцип претставуваат техничка работа се внесува политика. Други граѓани воопшто не реагираат, оптоварени од економските проблеми, или пак веќе навикнати да бидат изненадувани од тоа што постојано нешто се менува.
„Едни се за некои луѓе од историјата кои направиле лошо за македонскиот народ , а ги величаат, а патриотите воопшто не ги ценат.“
„Не гледам дека со промената на имињата има некоја разлика, па и Аминта нели бил некој крал.“
Ова е голем проект и такви проекти и потфати не се прават секогаш и во сите периоди. Демократијата е бавен процес и кога би сакале да функционираме демократски, тогаш ќе треба време, а очигледно некому му се брза од икс причини, дали му се брза да го искористи својот период или му се брза поради профитабилноста, но во секој случај, тогаш кога се засекува во демократското ткиво, во идентитетот, очекувано е во демократски култури да се постапува демократски затоа што нели тоа е јавен простор за кој сите имаат право да кажат, а дали ќе бидат послушани, тоа е друга работа.Ило Трајковски, социолог.
„Ги дели луѓето. Историски значајна личност како Стив Наумов се менува за некој кој бил предавник на Македонија и тука е расправијата и незадоволството. Тоа се имиња кои се историски значајни, а сега властите кажуваат за некоја нова историја.“
„Фини си беа имињата на улиците, јас не знам што улога игра да ги менуваат, не ми е јасно зошто така, а сите негодуваа, за мостот кај Холидеј ин сите протестираа.“
За некои луѓе од струката се поизвесно е дека промените, така како што се прават, нема да донесат ништо добро. Социолозите велат дека промените се длабоки и траат долго на повеќе планови и во делот на архитектурата и во делот на историјата итн., и дека на долги патеки може да иницираат поларизација. Кон добар дел од некои од новите работи граѓаните може да се прилагодат и да ги прифатат, но има промени кои се дискутабилни и навлегуваат во подлабоките ткива на македонскиот културен и национален идентитет и затоа тоа не треба да се прави на начинот на којшто се прават, наведува професор Ило Трајковски.
„Па можеби е добро сето тоа, од една страна е развојот на демократијата, се обидува власта да направи нешто, па имате реакција од граѓаните, во некои делови таа се повлекува, во некои не се повлекува, но остануваат сеќавањата за тоа дека нешто се обидува да се направи без согласност, без консензус. Факт е дека македонското општество по повеќе линии не може да се води по логиката - ја имам власта па ќе правам како што знам и умеам, затоа што другите се лоши. Македонското општество е поделено по повеќе линии и тука треба да се гради потребата ако не од консензус, барем за приближување на ставовите, затоа што мислам генерално дека македонското општество е зрело за промени , тоа не е истото што беше пред 10, пред 15 години. Прашањето сега е дали тие промени ќе ги изведете со усул или ќе ги изведете преку колено па кој како сака нека реагира“, вели Трајковски.
Мислам дека тоа е евидентно. Политичките елити чувствуваат дека историјата, односно националните, етничките или личните чувства се уште може да минат добро на политичкиот пазар и тие максимално го користат тоа, без притоа да водат сметка за последиците од таквата краткорочна политика. На оние што размислуваат долгорочно им е јасно дека ваква политика којашто практично се заснова на злоупотреба на етничките, националните чувства не може да донесе никакви добро понатаму.Ибрахим Мехмети, публицист.
Пред да ни се случат имињата на улиците и да се разбранува јавноста, претходеше серија во која градот беше разубавуван со поставување скулптури на повеќе ликови од историјата. Властите, пак, уште еднаш се покажаа многу внимателни кога размислуваа како да ги именуваат ликовите од историјата. Александар Македонски - споменикот на централниот плоштад - го нарековме Воинот на коњ, а Окованиот Прометеј доби име Факелоносецот.
Како да ја употребивме двојната формула, односно име за внатрешна и надворешна употреба и за спомениците и скулптурите, укажуваат некои граѓани. Но, наскоро се покажа дека некои од граѓаните за некои ликови немаат ниту основно познавање, иако политиката на оваа влада беше дека на тој начин ќе им одадеме чест на луѓето од историјата.
„За Александар мое мислење е дека добро влијае, а за другите околу некако е пренатрупано, но сето тоа е интерес на владата.“
„Се изгради, а со тоа не го затворија воздухот. Згради невидени, на што ни личи плоштадот? Зошто пак да градат споменик на Мајка Тереза овојпат триесетметарски? Мајка Тереза си има споменик, што убаво се и изградивме, а сега кај ќе го стават новиот споменик, на сред плоштад? Па нема место веќе.“
Тоа се споменици на сите граѓани на Република Македонија, а исто и улиците. Што ќе се случи ако после дојде нова политичка гарнитура и почне да ги менува имињата на улиците што во наводници не им се допаѓаат. Поделбата би настанала врз основа на она што е најлошо, националното.Новица Велјановски, историчар.