На многу значајни институции во Битола се поставуваат директори од други градови. Со тоа Битола се става во вазалски однос и се трошат многу пари, обвинува тамошната позиција.
Битола е деградирана зашто и покрај многуте стручни кадри, директори и раководни лица на државни институции и компании се ставаат од други градови, критикува локалната опозиција. Досега барем десетина лица од други македонски градови се назначени за директори на значајни институции поврзани со финансиите, безбедноста на градот и заштитата на природните убавини.
Со ова Битола се става во вазалски однос, а на овој начин се трошат многу пари за превоз и ноќевање на директорите во Битола.
„На пример Скопје игра поважна улога во Битола отколку самите битолчани. Имаме класичен пример каде што директор на дирекцијата на Управата за јавни приходи е донесен од Скопје како привремено решение, а остана шест месеци“, вели Горан Невеновски од ВМРО-НП.
„И во битолската Царинарница првите луѓе се од Скопје. Во СВР Битола началникот и командирот се од Демир Хисар, заменик- началникот од Прилеп. Исто така од Ресен се раководителите на Централниот регистар и на Националниот парк Пелистер. Ако се знае дека секој ден овие луѓе со службени автомобили ги земаат за на работа и ги враќаат дома, простата математика говори дека месечно се прават над 8.000 километри, со гориво од парите на граѓаните“, изјави Васко Ковачевски од СДСМ.
Од битолската локална самоуправа објаснуваат дека општината нема никаква законска можност да назначува директори на инстутуции кои се во надлежност на министерствата. Од владејачката партија, пак, напоменуваат дека избираат квалитетни кадровски решенија кои ќе ги водат институциите, а тоа често се лица од соседните општини како Демир Хисар и Ресен.
На пример Скопје игра поважна улога во Битола отколку самите битолчани. Имаме класичен пример каде што директор на дирекцијата на Управата за јавни приходи е донесен од Скопје како привремено решение, а остана шест месеци.Горан Невеновски, ВМРО-НП.