Судбоносни избори во Грција

Во Грција утрово во седум часот по локално време почна гласањето на најважните избори за земјата во последните неколку децении.
Околу девет милиони и 850 илјади Грци со право на глас треба да го изберат следниот четиригодишен состав на 300-члениот парламент. Граѓаните овој пат ќе избираат меѓу 21 партии и коалиции и 58 независни кандидати, што значи вкупно 4.873 кандидати.
Денеска го трасираме патот за надеж, за подобра иднина, за Грција на социјална правда и прогрес, еднаква членка на Европа која се менува. Иднината им припаѓа на оние што имаат надеж. Ние сме оптимисти, ние ќе победиме.
Алексис Ципрас, лидер на Сириза.

Според анкетите, само 10 партии ќе го поминат прагот од три проценти за влез во парламентот. Според изборниот закон, партијата која ќе освои најмногу гласови, автоматски добива дополнителни 50 места во парламентот што го олеснува патот до постигнување на целта од 151 место кои се потребни за формирање влада. Се очекува најмногу гласови да добијат конзервативната Нова демократија, Коалицијата на радикалната левица – Сириза и ПАСОК.
Потребен ни е моќен внатрешен фронт и кредибилитет за да ги задржиме сите позитивни аспекти од програмата за штедење и да го задржиме нашиот европски карактер.
Евнагелос Венизелос, лидер на ПАСОК.

Предвидувањата се дека ниту една партија нема да освои апсолутно мнозинство. Во тој случај, претседателот на државата и дава на најголемата група три дена да формира влада. Ако тоа не се случи таа шанса ја добива второпласираната партија. По изборите што се одржаа на 6 мај, ниту една партија не успеа да формира влада поради огромните разлики во врска со владините мерки за штедење кои се предуслов за следната транша пакет финансиска помош од ЕУ и ММФ.

ГЛАСАА ЛИДЕРИТЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

Денеска грчкиот народ бира; утре почнува нова ера за Грција, изјави лидерот на Нова демократија Адонис Самарас.

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас гласаше во централна Атина.

Политичките лидери на состанок во претседателскта палата во Атина по првите избори во Мај


„Денеска го трасираме патот за надеж, за подобра иднина, за Грција на социјална правда и прогрес, еднаква членка на Европа која се менува. Иднината им припаѓа на оние што имаат надеж. Ние сме оптимисти, ние ќе победиме“, рече Ципрас.
Денеска грчкиот народ бира; утре почнува нова ера за Грција.
Адонис Самарас, лидер на Нова демократија.

Лидерот на ПАСОК Евнагелос Венизелос во Солун изјави дека земјата уште утре мора да има влада. Тој повтори дека само влада на заедничка одговорност може да и помогне на Грција.

„Потребен ни е моќен внатрешен фронт и кредибилитет за да ги задржиме сите позитивни аспекти од програмата за штедење и да го задржиме нашиот европски карактер“, рече Венизелос.

ЖЕЛБА ДА СЕ ОСТАНЕ ВО ЕВРОЗОНАТА

Предизборните анкети покажјуваат дека 80 отсто од анкетираните жители на Грција би сакале земјата да остане во Еврозоната. Стравувањата дека државата може да се повлече од монетарната унија се актуелизираа по определеноста на дел од кандидатите да се прекине аранжманот кој Атина го склучи со Меѓународниот монетарен фонд и со Европската унија.

Лидерот на Сириза, 37 годишниот поранешен студентски активист Алексис Ципрас, рече дека договорот кој Грција го склучила со европските партнери ќе биде историја ако неговара партија добие мнозинство гласови. Тој пред гласачите тврди дека со Европа може да се договори нов план за спас на Грција без при тоа земјата да ја напушти еврозоната. Лидерот на Нова демнократија Адонис Самарас исто така сака да се склучи нов договор, но не е толку екстремен во ставовите.

Грција е зависна од европската помош од средината на 2010 година. Кон почетокот на оваа година грчката влада се согласи да прими помош во вредност од 130 милијарди евра, заедно со отпишување на долг тежок 103 милијарди евра. Како предуслов за помошта се бара драстично намалување на расходите и на реформите.