ЕУ и Грција пред Армагедон или...

Властите во еврозоната се подготвуваат за грчкото излегување по неделните избори. Но, по се изгледа се можни и некои отстапки, пишува весникот Тајмс. Впрочем на синоќешниот митинг лидерот на Сириза Алексис Ципрас вети формирање влада на сите грци, во Европа и со еврото.
Европската комисија демантира дека работи на непредвидени планови за грчкото излегување од заедничката валута. Од таму велат дека Комисијата не е сценарист на филмови за катастрофи.
Се уште ова не е вистинска победа. Таа ќе дојде на 17 јуни. Бараме народен мандат за ливичарска влада за да му ставиме крај на спасувачкиот пакет.
Алексис Ципрас, лидер на Сириза.

Ова е неверојатно, или ако е вистина, тогаш е алармантно, пишува весникот Тајмс, наведувајќи дека има реална шанса резултатот од изборите во Грција да доведе до напуштање на еврото. Во таков случај се неопходни планови за намалување на штетата за останатите во еврозоната.

Алексис Ципрас


Но, се уште изгледа дека кризата би можело да биде избегната. Многу е веројатно неделните избори да бидат неубедливи како и претходните.
Јасно е дека ќе бидат потребни екстремно тешки реформи и натамошно штедење и во случај Грција да го напушти еврото, што ќе биде неиздржливо ако се има предвид дека земјата веќе шестта година е во рецесија.
Тајмс.

Сепак, најновите анкети сугерираат дека крајно левичарската Сириза предводена од Алексис Ципрас би можелa да добие доволно за да состави влада и со тоа да го исполни ветентото за напуштање на мерките за штедење.

„Се уште ова не е вистинска победа. Таа ќе дојде на 17 јуни. Бараме народен мандат за ливичарска влада за да му ставиме крај на спасувачкиот пакет“, изјави Ципрас откако минатиот месец пропаднаа обидите за формирање влада.

Тој додаде дека е за останување на Грција во еврозоната. Но, што да каже друго кога и повеќето Грци се за тоа.

Сепак, Ципрас се заканува дека ќе ја турне земјата кон несредено излегување само за да изврши притисок врз Германија да ги олесни условите за спасувачкиот пакет. И покрај сите реторики дека еврозоната сега е подобро подготвена, грчкото излегување ќе предизвика тешки и непроценливи штети врз другите членки на Европската унија.

Затоа има извештаи дека Европската комисија планира омекнување на условите во надеж дека со тоа ќе се зголеми поддршката за претходните две владејачки партии во Грција кои се согласија со спасувачкиот пакет.

Впрочем, грчкиот премиер Панајотис Пикраменос по евросамитот што минатиот месец се одржа во Брисел изјави:

„Добив поддршка од речиси сите членки на Европската унија, а има и декларација на Комисијата за останување на Грција во Европа.“

Ако целта е по секоја цена да се зачува Грција во еврозоната тогаш е разбирливо тие услови да бидат преразгледани, наведува Тајмс, додавајќи дека мерките за штедење толку ја исцедија економијата што веќе не се гледа патот за излез од кризата.

Без извесни концесии по се изгледа Грците ќе се согласат дека напуштањето на еврото е помало од двете зла. Во спротивно, конечниот исход станува се појасен: Грција ќе го напушти еврото, но процесот како да се дојде до тоа станува се понечист.

Ако Германија попушти, грчките политичари ќе можат да ги убедат нивните граѓани дека вреди повеќе болка за да се остане внатре.

Јасно е дека ќе бидат потребни екстремно тешки реформи и натамошно штедење и во случај Грција да го напушти еврото, што ќе биде неиздржливо ако се има предвид дека земјата веќе шестта година е во рецесија.