Незадоволни граѓани предизвикаа гужва пред влезот на Советот на град Скопје, додека опозицијата влезе на седницата со свирчиња.
Турканица и скршено стакло е исходот од противењето на иницијативата за менување на имињата на улици низ главниот град. Власта гласаше, опозиционерите свиреа, а според македонските медиуми, полицијата гледала како расправата за преименување на улици мостови и други инфраструктурни објекти се претворила во тензично и бучно препукување. Инцидентот настанал откако обезбедувањето не им дозволило на група граѓани да влезат во салата за седници на Советот на главниот град. Социјалдемократите ја обвинија власта за криминал со македонската историја:
„Со едно кревање на рака, без согласност на граѓаните скопските власти решија да ја сменат историјата и да го прекројуваат македонскиот идентитет“, рече советничката од СДСМ Софија Куновска.
„Од Господ греота е на Стив Наумов да му се земе името на улицата, а да му се даде име на крвникот Тодор Александров, рече Трајче Грујоски, носител на партизанска споменица.
Од власта велат дека во случајот со улицата Стив Наумов се прави само „мала ротација“:
„Значи Стив Наумов ќе добие многу поголема улица која што ќе се наоѓа во централното градско подрачје во следната фаза. Не се работи за никакво ревидирање на историјата, туку за една техничка работа што одамна требало да се направи во Скопје“, рече Александар Бичиклиски од ВМРО - ДПМНЕ.
Инаку, на седницата беше одбиено и опозициското барање од дневниот ред да се симне, како што ја нарекоа, штурата информацијата за потребните пари за разубавување на мостот Слобода кај „Холидеј ин“.
Мнозинството во Советот од владеачката ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги изгласаа измените на имињата на 29 улици и два моста во Скопје. Така, улицата „Максим Горки“ сега ќе се вика „Никола Кљусев“ додека Ленинова се преименува во „Аминта Трети“, Центар е резервиран за новите називи „Јордан Мијалков“ и „Борис Трајковски“, додека поранешниот булевар „Војводина“ од мостот „Близнак“ до Автокоманда, ќе се вика „Киро Глигоров“.
Од Господ гревота е на Стив Наумов да му се земе името на улицата, а да му се даде име на крвникот Тодор Александров.Трајче Грујоски, носител на партизанска споменица.
„Од Господ греота е на Стив Наумов да му се земе името на улицата, а да му се даде име на крвникот Тодор Александров, рече Трајче Грујоски, носител на партизанска споменица.
Од власта велат дека во случајот со улицата Стив Наумов се прави само „мала ротација“:
„Значи Стив Наумов ќе добие многу поголема улица која што ќе се наоѓа во централното градско подрачје во следната фаза. Не се работи за никакво ревидирање на историјата, туку за една техничка работа што одамна требало да се направи во Скопје“, рече Александар Бичиклиски од ВМРО - ДПМНЕ.
Стив Наумов ќе добие многу поголема улица која што ќе се наоѓа во централното градско подрачјеАлександар Бичиклиски ВМРО - ДПМНЕ