Путин побарал заштита на навивачите

И во сабота во Варшава се очекуваат околу 20.000 руски навивачи. Почна изрекувањето казни за полските хулигани.
Руската фудбалска федерација денеска ги повика своите навивачи да се однесуваат коректно за време на ЕП 2012 во Полска и Украина. УЕФА ја казни руската федерација со 150.000 долари откако руски навивачи истешаа редари на стадионот во Вроцлав, фрлаа петарди и расистички го навредувале чешкиот репрезентативец Гебреселасие. Во вторникот, во Варшава, пред и по мечот меѓу Русија и Полска, имаше тепачки меѓу навивачи на двете репрезентации.

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со полскиот премиер Доналд Туск, при што побарал да бидат превземени мерки за безбедноста на навивачите. Во сабота во Варшава се очекуваат околу 20.000 руски навивачи на последниот меч во групата А меѓу Русија и Грција.

Вчера судот во Варшава ги изрече првите казни за хулиганите кои ги предизвикаа тепачките со руските навивачи. Двајца добија по 3 месеци затвор, а уште 4-ца 12 месеци условно и по околу 150 долари парични казни. Вкупно беа уапсени 184 луѓе, од кои 156 полјаци. ПОлските официјални претставници се извинија за инцидентите и најавија остри мерки.