ЕК ја поздрави декриминализацијата на клеветата

Европската комисија го поздрави декриминализирањето на клеветата кое го договорија Здружениието на новинари на Македонија и владата. „Ова е добра вест, не само за земјата туку и за медиумите и слободата на медиумите воопшто“, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, пренесуваат македонските медиуми. „Европската комисија става исклучителен акцент врз прашањето на слободата на изразување и слободата на медиумите во целиот процес на пристапување со секоја земја која сака да стане членка на ЕУ“ дополни портпаролот.