Над 180 упасени по тепачките во Варшава

Полските власти соопштија дека полицијата уапсила 184 лица за време на судирите во Варшава меѓу полицијата и хулигани пред и после мечот меѓу Полска и Русија на „Еуро 2012“. Повеќе од 20 лица биле повредени во насислтвото меѓу кои полицајци, како и жители на Полска, Русија, Соединетите американски држави, Германија и Пакистан. Од приведените повеќемнина се жители на Полска но задржани се и посетители од Русија Шпанија Алжир и Унгарија. Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера насилниците кои се степаа по мечот кој заврши нерешено со 1-1.