Претставници на земјите членки на ОПЕК ќе се состанат во Виена неделава на разговори за падот на цените на нафтата. Организацијата на земјите извознички на нафта, која брои 12 членки, би требало да го ограничи излезот на суровината на 30 милиони барели дневно, поради намалената побарувачката во услови на слабеење на глобалната економија. Претседателот на Венецуела Хуго Чавез во саботата изрази загриженост дека дел од членките на организацијата не ги почитуваат квотите, произведувајки повеќе нафта. Намалената побарувачка и зголеменото производство ја намали цената на нафтата на 84 американски долари за барел.