Во интерес на Македонија, на општествово и граѓанството, на иднината на Македонија, е да добие конструктивна и достоинствена опозиција, критичар на власта и бранител на македонските национални интереси, пишува за РСЕ Диме Спасов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Мечта на секое демократско општество е политичкиот баланс. Демократијата функционира врз принципот слобода на говор, критичко мислење и во легална борба со легитимни средства, барем во политиката. Тоа се однесува во политички контекст најмногу на политичките партии како репрезенти на интересите на одреден збир на луѓе.
Во Македонија веќе подолго време постои интересна ситуација, каде опозицијата се наоѓа во „чаура" која сама си ја наметна. Најголемата опозициска партија е во заложништво на култот на личноста на Бранко Црвенковски, при што истиот маестрално целиот изминат период ја елиминира внатрепартиската опозиција.
Во разговорите со партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ секогаш се нагласува дека најголем партиски интерес е Црвенковски по можност доживотно да го предводи СДСМ, на тој начин дополнително олеснувајќи ја политичката битка со СДСМ.
Но, за ВМРО-ДПМНЕ на пиедасталот се прво интересите на државата секако и потребата спроти себе да има достоинствен политички конкурент, со кој ќе се натпреварува со идеи и концепти, ќе се натпреварува со проекти и програми, ќе разговара за економијата и реформите, но никогаш националните прашања не смеат да бидат тема за дневно политички дискусии.
Нашите граѓани и ВМРО-ДПМНЕ, тој „ксмет“ го немаат. Деновиве разгледував весници од 1998 година, непосредно пред парламентарите избори, како новинарите го портретираат Бранко Црвенковски. И во одреден момент не можев да поверувам дека истиот лик, кој се нудел како спасител во 1998 година, со истата реторика и став и денес се обидува да се наметне како спасител. И во 2012 БЦ го држи окупиран просторот на левицата на Македонија, ја ослабе улогата на опозицијата до тој степен, што истата како метод на освојување на власта, го слабее единството по важни национални и геостратешки прашања по Македонија. И денес раководството на таа партија се однесува како отуѓен центар кој се има самопрогласено дека единствено тие имаат право да владеат со државата, што секако е рецидив од едни минати времиња. И после толку претрпени изборни порази (а победата на партијата на избори е смисла на постоење), водач(от)ите на СДСМ се однесуваат како да се предодредени за владеење.
Се чини, само аргогантноста на СДСМ останува нивна константна одлика во изминативе дваесет и две години. Таа нивна арогантност и неспособност ниту да се слушне, а камо ли да се прифати критика, ги доведе до тоа ниво граѓаните да се потсмеваат на нивните „нови“ кадровски решенија. Луѓето извадени од нафталин, групирани во некакви совети на „мудреци“, се надмудруваат кој повеќе ќе му се допадне на шефот и како да му возвратат на услугата за политичкото реанимирање. Потребата од освојување на симпатиите кај јавноста, конструктивната критика и понудата на програма, имам впечаток дека не е во прв план. Имам впечаток дека недостига здрав разум за да разберат дека власта се освојува на избори и таа е резултат на едно одговорно однесување.
Се поставува прашањето, ако овие политичари се однесуваат кон сопствените граѓани како кон раја, која треба „да проголта" една старо-нова нереформирана опција, која се нуди како иднина, како кон нас би гледале оние од надвор? Околу овие позиции на опозицијата се очекува и проактивна улога на НВО-секторот, експертите, цивилното општество. Покрај тоа што власта разбирливо е под мониторинг за своите политики на работење, не треба да се занемари и однесувањето на опозицијата, бидејќи таа треба да биде алтернатива. Веќе минуваа повеќе од 6 години, во која македонската опозиција практично останува трула и нереформирана, а со тоа задава проблеми на македонското општество.
Како млад човек, се надевав дека младата генерација ќе биде носител на промените во левицата во Македонија. Тоа е сосема својствено и разбирливо, бидејќи младоста е синоним за потребата од промени. Но изминатиов период, Црвенковски преку послушниците во СДММ, од корен го пресекуваше секој обид да се чуе нешто различно. Методите се познати дискредитација, етикетирање и исклучување. Но не можев да верувам, дека ќе дојде време и кога ќе се примени и насилство врз неистомислениците.
Имам впечаток дека здравиот разум во СДСМ е потиснат од страна на оној, стариот, како по шаблон начин на делување, својствен за други системи на политичко уредување. Зачудува нивниот однос кон својата млада и прогресивна мисла.
Настанот од вторникот, кога млад функционер и критичар на раководтството на СДСМ беше претепан по нарачка ја шокираше македонската јавност. Наместо остро да го осудат тој настан и да спроведат истрага во внатрешните редови за можни нарачатели, креатори и извршители, од Бихачка цинично му посакаа „среќа на патот што го избрал”. Па очигледно ни среќата не може да му помогне некому во СДСМ ако се пројави со различен став од оној на раководството. Срамота е да се тепаат деца, греота е да се заплашуваат младинци, да им се покажува сила и да им се крева рака во 2012 год,во 21 век кога се решиле да ја кажат вистината, Срамота е! Греота е!
Преку нивните медиуми и НВО-а зборуваат дека ќе го соборуваат „режимот”, ќе ја враќаат демократијата, а додека се во опозиција и физички почнаа да се пресметуваат со оние кои имаат поинакво мислење за култот на личноста на БЦ.
Кризата на СДСМ не е само партиска и политичко, туку и морално вредносна. Оттука како граѓанин на оваа држава, како млад човек и на крај како претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, упатувам апел до сите оние кои можат да иницираат атмосфера за демократизација во СДСМ, преку јавни дебати, тркалезни маси, дебатни емисии итн. Во интерес на Македонија, на општествово и граѓанството, на иднината на Македонија, е да добие конструктивна и достоинствена опозиција, критичар на власта и бранител на македонските национални интереси. Егзистирањето на индокринација на култ на личност на тлото на Македонија, не е срам само за СДСМ, туку и за сите нас, барем во очите на надворешниот фактор. Едноставно не е својствено. И повторно надежта е вперена во младите. Да се изборат во СДСМ за местото кое им припаѓа. Дека не се алатка за манипулација туку носители на промените. Дека траењето во политиката ја носи идејноста, а не митоманството и глорификацијата. Дека поразот не може да биде победа никогаш. Тоа е наша искрена желба. Оваа генерација ќе се носи со предизвиците за татковината. Ние треба да го градиме демократскиот амбиент.
Друго нема, еден е изборот.
Деновиве разгледував весници од 1998 година, непосредно пред парламентарите избори, како новинарите го портретираат Бранко Црвенковски. И во одреден момент не можев да поверувам дека истиот лик, кој се нудел како спасител во 1998 година, со истата реторика и став и денес се обидува да се наметне како спасител.