Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека новото насилство во Сирија е едноставно неприфатливо и го повтори повикот на Соединетите американски држави претседателот Башар Ал Асад да отстапи од лидерската фунцкија. Клинтон ја даде изјавата по тврдењата на сиријските активисти за осумдесетмина убиени во провинцијата Хама, повеќето од кои жени и деца. За сега нема независна потврда на информациите. Клинтон изјави дека Сирија не може да биде стабилна и мирна земја се додека Асад не се повлече од власт.