Разрешениот струшки муфтија обвинува за политички притисок

Разрешениот струшки муфтија Ферат Полиси и новиот муфтија Салим Сулејмани.

Досегашниот струшки муфтија Ферат Полиси се жали дека во изминатиов период бил под силен притисок од одредени државни, политички и верски структури.
Разрешениот струшки муфтија во Исламската верска заедница, Ферат Полиси обвинува за притисок од страна на одредени државни, политички, но и верски структури, поради, како што вели, активностите кои муфтиството со кое тој раководеше во изминативе 12 години ги правело во последниов период. Разрешувањето на Полиси и останатите тела на муфтиството од страна на највисокото раководство на ИВЗ доаѓа по уривањето на дел од пет века старата Мустафа Челеби џамија во Струга.
Нашето влијание беше толку големо што муфтиството стана како еден вид, да не кажам еден вид политика, туку нешто околу што се собираа многу луѓе. Ние бевме како едно движење. И тоа некому му пречеше. Јас морам да работам со тие кои се на власт. До вчера не обвинуваа дека сме со ДПА, денес ДПА не обвинува дека сме со Рамиз Мерко. Јас до вчера бев со ДПА, тие беа на власт, денес е Рамиз Мерко со него ние работиме.
Ферат Полиси, разрешен струшки муфтија.

„И државни и политички органи. Нашето влијание беше толку големо што муфтиството стана како еден вид, да не кажам еден вид политика, туку нешто околу што се собираа многу луѓе. Ние бевме како едно движење. И тоа некому му пречеше. Јас морам да работам со тие кои се на власт. До вчера не обвинуваа дека сме со ДПА, денес ДПА не обвинува дека сме со Рамиз Мерко. Јас до вчера бев со ДПА, тие беа на власт, денес е Рамиз Мерко со него ние работиме“, вели досегашниот муфтија Ферат Полиси.

Поранешниот струшки муфтија Ферат Полиси.


Тој вели оти од оваа џамија сакал да направи голем верски објект кој ќе собира повеќе од 1.000 верници. Вели дека џамијата под заштита била ставена пред само два месеца. Ја прифатил одлуката на ИВЗ, но признава дека односите им се нарушиле во последно време.
Имав предупредувања од самиот поглавар да не брзам со рушење на додавниот дел. Знаев што ќе се случи, збогум на голема џамија и центар за клањање.
Ферат Полиси, разрешен струшки муфтија.

„Шестогодишна џамија пред два месеца е ставена под заштита. Имав предупредувања од самиот поглавар да не брзам со рушење на додавниот дел. Знаев што ќе се случи, збогум на голема џамија и центар за клањање. Недоразбирањата настанаа во последните четири дена. Зошто да рушам предвреме? Бев предупредуван, но го направив моето. Тој знаеше дека јас нема да останам мирен и дека ќе ја рушам“, вели Полиси.

Досегашниот муфтија Полиси не чуствува никаква кривична одговорност. Вели дека зад овој случај се крие длабока политика. Уверува дека во Струга нема вахабисти и радикален ислам и негира дека одредени џамии во струшко важат за нивни упоришта

„Во Струга нема вахабисти, нема радикалисти, екстремисти. Во Струга има само добри верници. Во мојата 12-годишна работа не сум се соочувал со такви проблеми. Еве џамијата јас ја рушев, а не вахабистите, бидејќи нема вахабисти“, додава Полиси.

За нов муфтија во струшкото муфтиство на ИВЗ е назначен Салим Сулејмани. Инаку целата прашина се крена откако пред неколку дена беше урнат дел од џамијата за кој од Завод и музеј од Охрид тврдеа дека е под заштита и е споменик на културата и оти муфтиството во Струга не смее да презема никакви активности без дозвола од надлежните институции.