Денешниот состанок во Санкт Петерсбург на лидерите на Европската унија и на Русија главно е посветен на ситуацијата во Сирија. Аналитичарите велат дека од овој состанок ќе зависи дали Русија ќе го смени својот став и ќе им се приклучи на западните намери за запирање на крвопролевањата во таа земја.
Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и шефицата за надворешна политика Кетрин Ештон сакаат од Москва, односно од домаќинот, рускиот претседател Владимир Путин, да изврши притисок врз Дамаск да го почитува мировниот план. Станува збор за договорот што го издејствува специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига Кофи Анан за повлекување на тешкото оружје од сиријските градови.
Ештон, која вчера разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, соопшти дека руската улога е клучна за успех на планот на Анан. За време на посетата на Стокхолм, американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека таа му рекла на Лавров дека заминувањето на сиријскиот претседател Башар ал Асад не мора да биде преуслов.
„Ставив јасно до знаење дека нема смисла никаква средба се додека не бидат вклучени сите елементи од планот на Анан. Тоа секако значи дека треба да се фокусираме врз политичката транзиција. Заминувањето на Асад не мора да претставува предуслов, туку резултат со цел луѓето во Сирија да имаат шанса самите да се изразат.“
Сирискиот претседател Асад вчера во парламентот изјави дека странското мешање е со цел да се обвинат сириските сили и повтори дека единствен начин за решавање на кризата е преку политички дијалог.
Освен за Сирија, руските и европските лидери како теми ги имаат и контроверзната иранска нуклеарна програма, како и очекувањето на Москва за забрзување на процесот за безвизен режим меѓу Русија и Европската унија. Ова е прв самит меѓу двете страни откако Владимир Путин се врати на претседателската функција на 7 минатиот месец.
Ставив јасно до знаење дека нема смисла никаква средба се додека не бидат вклучени сите елементи од планот на Анан. Тоа секако значи дека треба да се фокусираме врз политичката транзиција. Заминувањето на Асад не мора да претставува предуслов, туку резултат со цел луѓето во Сирија да имаат шанса самите да се изразат.Хилари Клинтон, државна секретарка на САД.